Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Страшен пожар на свадба во Ирак, 113 загинати, 50 критично – oткриенa причинaта
Македонија

ВИДЕО Страшен пожар на свадба во Ирак, 113 загинати, 50 критично – oткриенa причинaта

27/09/2023

AA

Најмалку сто лица загинаа, а 150 се повредени во пожар на свадбена прослава во областа Хамданија во ирачката провинција Ниневија, објавија рано утринава ирачките државни медиуми, цитирајќи Ројтерс. Локалните извори посочуваат дека бројот на жртви може да биде поголем.

Повеќе од 450 луѓе загинаа и беа повредени во пожарот на свадбата, според објавата на ирачката Црвена полумесечина на X, порано Твитер. IRCS е независна организација за хуманитарна помош во Ирак.

Наџим ал-Џубури, гувернер на провинцијата Ниневија, каде што избувна пожарот, претходно изјави дека сè уште нема конечен биланс на загинати, што укажува на тоа дека бројот на жртвите може да продолжи да расте. Заменик-гувернерот на Ниневија, Хасан ал-Алак, исто така претходно изјави за Ројтерс дека е потврдена смртта на 113 лица.

Пожарот бил предизвикан од огномет, сала направена од запаливи материјали

Пожарот, соопшти локалната цивилна одбрана, ја зафатил големата сала во која се одржувала венчавката, откако за време на прославата бил подметнат огномет. Видеото од местото на настанот на дописникот на Ројтерс покажува како пожарникари се искачуваат над изгорената зграда во потрага по преживеани.

Првичните информации покажуваат дека зградата била направена од многу запаливи и забранети градежни материјали, што придонело за негово брзо уривање, јавија ирачките државни медиуми. Станува збор за метален композит и немодифициран полиетилен кој предизвика пожарот брзо да се прошири, а се работи за истиот тип на надворешна обвивка што беше користена при изградбата на лондонската кула Гренфел. За потсетување, 72 лица загинаа во пожар во облакодер во 2017 година.

Според официјалните изјави, ирачките федерални власти и властите во полуавтономниот регион Курдистан во Ирак испратиле амбулантни возила и медицински тимови на местото на трагедијата.

На свадбата имаше стотици луѓе

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Мицкоски и Ѓорѓиевски се простуваат од градоначалникот на општина Брвеница,

23/06/2026
Македонија

Силно невреме во Неготино и Демир Капија, се движи кон

23/06/2026
Македонија

Заврши првата сезона од „Ноќно студио“

23/06/2026
Македонија

Почина градоначалникот на Брвеница, Јовица Илиевски

23/06/2026
Македонија

Владата го усвои ребалансот на Буџетот: Повеќе пари за капитални

23/06/2026
Македонија

ТИТАН Усје: Како прва компанија со А-интегрирана еколошка дозвола остануваме

23/06/2026
Македонија

Судот во Стразбур: Помилувањата на Иванов биле донесени без законска

23/06/2026
Македонија

Приведени 15 возачи за безобѕирно управување возило, 13 возеле без

23/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43902
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy