Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТРАНЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО ЗЕМЈАВА: Ќе успееме ли да го надминеме досегашниот „врв“?
Економија

СТРАНЦИТЕ СЕ ВРАЌААТ ВО ЗЕМЈАВА: Ќе успееме ли да го надминеме досегашниот „врв“?

27/09/2023

AA

Зголемен бројот на туристи кои ја посетиле Македонија во текот на оваа година, особено на странските посетители, а се очекува да биде надмината бројката од 2019 година. Следственот на тоа, се очекува и зголемен девизен прилив од туризмот и угостителството. 

Во периодот од јануари до јули во однос на истиот период лани, бројот на туристите е зголемен за 25,33 проценти, при што кај домашните туристи има зголемување од еден процент, додека кај странските има зголемување од 44 проценти.

– Во периодот јануари – јули 2023 година по однос на истиот период од претходната година вкупниот број на ноќевања е зголемен за 12,4 проценти, при што кај странските туристи има зголемување за 28 проценти. Сето ова укажува на фактот дека по пандемијата и падот на бројот на туристи оваа година ќе се надмине бројката од еден милион туристи со тенденција да се надмине најдобрата 2019. Годинава се очекува да биде остварен поголем девизен прелив од туризмот и угостителството – истакна државниот секретар на Министерството за економија, Размена Чекич Дуровиќ на одбележувањето на Светскиот ден на туризмот.

Таа посочи дека годинава, акцентот е ставен и на руралниот туризам како интенција на Светската туристичка организација, но и како потенцијал за развој во земјата. Потенцира дека современиот туризам претставува рефлексија на економските и општествените појави, а со оглед на големата динамика во овој сектор неопходни се брзи реакции и одговори на сите предизвици и прашања. 

Целта на државните институции задолжени за туристичкиот сектор е до 2025 година да се надмине и 1988 година кога сме забележале 3,7 милиони ноќевања. 

На настанот со кој беше одбележан Светскиот ден на туризмот традиционално со признанија беа наградени личности и институции кои дале особен интерес во развој на туризмот изминатата година.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува

29/09/2026
Македонија

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27

29/09/2026
Македонија

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е

29/09/2026
Македонија

ПРОШИРУВАЊЕТО НА ЕУ Е ИНВЕСТИЦИЈА ВО СОПСТВЕНАТА БЕЗБЕДНОСТ Муцунски со

29/09/2026
Македонија

СВЕЧЕНО ЗАКОПУВАЊЕ НА „ПОСМРТНИТЕ ОСТАНКИ“ НА ЕВРОПСКИТЕ ПРИНЦИПИ НА ЈУГОТ

29/09/2026
Македонија

167 ПРЕКРШОЦИ ЗА САМО ПЕТ ЧАСА Засилени контроли возачите на

29/09/2026
Македонија

ПО ХАВАРИЈАТА ВО „НОВА МАКЕДОНИЈА“, ВРАБОТЕНИТЕ ЌЕ РАБОТАТ ОД ДОМА

29/09/2026
Македонија

📽️ 📷 СНАЈПЕР, ПУШКИ И ЗНАМЕ НА ИСИС НАЈДЕНИ КАЈ

29/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45877
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

БОБИ ХРИСТОВ ПРОГЛАСЕН ЗА ТЕХНОЛОШКИ ВИШОК ВО ТЕЛМА Телевизијата најавува нова систематизација, ССНМ застана зад

29/09/2026

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) изрази загриженост поради најавите од ТВ Телма за отпуштање новинари и медиумски

УТРАТА СЕ СПУШТААТ КОН НУЛА, A ПРЕКУ ДЕН ДО 27 СТЕПЕНИ Есента покажува различни лица

29/09/2026

Под влијание на поле со висок воздушен притисок, Македонија ја очекува период на релативно стабилно време, но утрата ќе стануваат

📽️ „ХОТЕЛСКА КОАЛИЦИЈА“ НЕ Е ПРОБЛЕМ ЗА ПЕТРОВ Некултурно е ставовите да ги соопштувате од

29/09/2026

Проф. д-р Андреј Петров, гостувајќи во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, зборуваше за критиките кон иницијативата во која учествува, како

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy