Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ОД МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЛОГИСТИКА ЗА АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА НАРАЧАН ОД ИРАН Ирански прокси мрежи користат трети земји за терористички закани
Македонија

КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ОД МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЛОГИСТИКА ЗА АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА НАРАЧАН ОД ИРАН Ирански прокси мрежи користат трети земји за терористички закани

17/11/2026

AA

Изминатиот период повеќе земји се соочија со терористички закани и напади од страна на ирански прокси актери, кои иранските разузнавачки служби сакаат да ги затскријат преку криминални прокси мрежи во трети земји, вклучително и во Македонија, соопшти денеска Агенцијата за национална безбедност (АНБ).

Агенцијата соопшти дека континуирано ги следи состојбите поврзани со глобалните безбедносни закани и предизвици со кои се соочуваат Европа и регионот. Од почетокот на 2026 година Агенцијата во соработка со грчката национална разузнавачка агенција и други партнерски служби, но и во координација со МВР-БЈБ на национално ниво презела активности за разоткривање на намери и планови на лица надоврзани на странски/ирански фактори, за извршување терористички акти.

Агенцијата презела сет од оперативно-технички и аналитички активности со цел разоткривање на прокси мрежа од земјава, надоврзана на иранскиот државјанин Edris Jahangiri Mavaneh, издиференциран како лице поврзано со други прокси актери на иранските безбедносно-разузнавачки служби, вклучително и негова поврзаност со нарко босот Naji Sharifi Zindashti.

„Во однос на македонската мрежа, станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава, кои по директни насоки на иранскиот државјанин презеле подготвителни логистички активности за извршување терористички акт/атентат врз лице во Грција.

Во координација и размена со странски партнерски служби беше разоткриен нивниот modus operandi, за одржување на конспиративни средби на територија на трети земји, вклучително и Иран, при што беа потврдени конекциите со иранскиот државјанин, кој е главен носител на планираната терористичка акција. Информациите укажуваат дека станува збор за лице кое има широка мрежа на прокси актери и контакти со лице од висок интерес за безбедносните служби, односно истиот е соработник на иранските безбедносно-разузнавачки служби.

Ваквите конекции, како и фактот дека изминатиот период повеќе земји се соочија со терористички закани и напади од страна на ирански прокси актери, е во корелација со обидите на иранските разузнавачки служби за нивно затскривање преку криминални прокси мрежи во трети земји, вклучително и Македонија“, се наведува во соопштението на АНБ.

Агенцијата наведува дека во рамките на своите надлежности останува фокусирана кон зачувување на националната безбедност, за што ќе продолжи со активности за детектирање и спречување на евентуални терористички закани преку прокси елементи од Иран, како и разоткривање на други лица инволвирани во ирански прокси мрежи.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ОД МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЛОГИСТИКА ЗА АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА

17/11/2026
Македонија

ПРИТВОР ДО 30 ДЕНА ЗА КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ПО НАПАДОТ ВРЗ

17/11/2026
Македонија

ЦУК СПРЕМА АПЛИКАЦИЈА ШТО МОЖЕ ДА СПАСУВА ЖИВОТИ Граѓаните ќе

17/11/2026
Македонија

СДСМ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА СО 4,7, А ЈА ОСТАВИ СО

17/11/2026
Македонија

СДСМ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА СО 4,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОЛГ, А

17/11/2026
Македонија

ФИЛИПЧЕ ПАК СЕ ОДНЕСУВА КАКО ПОЛИТИЧКИ ЛЕШИНАР Протестот на СДСМ

17/11/2026
Македонија

ВОДАТА ВО СТРУГА ЗАБРАНЕТА ЗА ПИЕЊЕ ПОРАДИ ЗАМАТЕНОСТ Може да

16/11/2026
Македонија

СЕДНИЦИТЕ ЗА ПРАТЕНИЧКИ ПРАШАЊА НЕМА ДА ИМААТ РЕДОВНИ ПАУЗИ Пратеничките

16/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46803
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИТВОР ДО 30 ДЕНА ЗА КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ПО НАПАДОТ ВРЗ САРА Обвинет е за три

17/11/2026

Основниот суд во Охрид му одреди притвор во траење до 30 дена на 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за насилството врз

ЦУК СПРЕМА АПЛИКАЦИЈА ШТО МОЖЕ ДА СПАСУВА ЖИВОТИ Граѓаните ќе можат дискретно да испратат видео

17/11/2026

Центарот за управување со кризи (ЦУК) спрема нова мобилна апликација што може да помогне во спасувањето човечки животи. Граѓаните ќе

СДСМ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА СО 4,7, А ЈА ОСТАВИ СО 8,8 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОЛГ За

17/11/2026

Има два датуми коишто се многу важни за економијата во оваа држава, рече пратеникот и заменик генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy