Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ДА НЕ БИДЕ УШТЕ ЕДНА ИЗМЕНА ЗАРАДИ ИЗМЕНА Македонија бара извесност во разговорите со Софија и со Брисел
Македонија

ДА НЕ БИДЕ УШТЕ ЕДНА ИЗМЕНА ЗАРАДИ ИЗМЕНА Македонија бара извесност во разговорите со Софија и со Брисел

17/11/2026

AA

Македонскиот Устав досега добил 36 амандмани, од кои, според претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, 21 биле донесени со посредство на меѓународната заедница. Обраќајќи се на 35-годишнината од носење на Уставот на конференција во Собранието, претседателката предупреди дека највисокиот правен акт не смее да се менува по секое ново барање.

– За 32 години, или за 3 децении, нашиот Устав доживеа дури 36 амандмани, во компаративното уставно право ние сме рекордер во измени на Уставот. Што станува со уставниот патриотизам? Не знам, сами треба да се запрашаме – рече претседателката.

Според нејзините податоци, од 36 амандмани, 15 амандмани биле иницирани од домашни причини, додека во останатите 21 случај посредувала меѓународната заедница.

Сиљановска-Давкова истакнува декаМакедонија е подготвена за разговори со Бугарија и со претставниците на Европската Унија, но овојпат бара извесност дека по евентуалните уставни измени нема да следуваат нови условувања.

– Се разбира дека ние не сме радикални во барањата. Ние само сакаме извесност. Ние само сакаме да не биде ова уште една измена заради измена по која ќе следува нова – изјави претседателката.

Сиљановска-Давкова одговараше на новинарско прашање дали има позитивни сигнали во дијалогот со Софија, по денешната дебата во Собранието посветена на 35-годишнината од донесувањето на првиот Устав.

Таа потврди дека разговорите со европските претставници продолжуваат, но не можеше да каже дали има конкретно поместување во односите со Бугарија.

– Ние не сакаме да бидеме третирани поинаку од другите, едноставно сакаме да знаеме дека ако нешто мора под наводници да се направи, дека тоа нема да биде само едно од многуте други – нагласи Сиљановска-Давкова.

Сиљановска-Давкова учествувала во подготовката на Уставот oд 1991 година како надворешен член на Комисијата за уставни прашања. Според неа, тогашните расправи биле водени со уверување дека се создава траен правен и политички темел на независната држава.

Таа потсети дека Уставот од 17 ноември 1991 година бил донесен со 92 гласа „за“ и 22 „против“. Веќе следната година биле усвоени првите два амандмани, по барање што, како што рече, дошло однадвор.

Претседателката направи и споредба со преамбулите на уставите, кои вообичаено го истакнуваат народот како носител на суверенитетот.

– Сите устави обично почнуваат со We the people, „Ние народот“, ние можеби треба „Ние народот и меѓународната заедница“. Не го кажувам ова цинично, не го кажувам, но мислам дека навистина сериозно треба да размислиме – нагласи таа.

Сиљановска-Давкова го повика претседателот на Собранието Африм Гаши почесто да ја свикува Комисијата за уставни прашања и во нејзината работа да вклучи надворешни експерти.

Според неа, Комисијата треба постојано да го следи спроведувањето на Уставот, наместо да се состанува само кога ќе се појави барање за нови измени.

Претседателката потсети и на европските принципи за почитување на националниот и културниот идентитет, еднаквоста на државите и добрососедските односи засновани врз реципроцитет.

Таа нагласи дека пратениците ги претставуваат граѓаните и гласаат според сопственото уверување, поради што барањето за промена на Уставот го смета за особено чувствително.

– Јас имам голем проблем да барам од вас да го смените Уставот – им порача Сиљановска-Давкова на пратениците.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ДА НЕ БИДЕ УШТЕ ЕДНА ИЗМЕНА ЗАРАДИ ИЗМЕНА Македонија бара

17/11/2026
Македонија

ФАТЕН СО 500 ЕВРА ПОТКУП, ПРИВЕДЕН РАКОВОДИТЕЛ ВО ДЗС Парите

17/11/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ“ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ВО

17/11/2026
Македонија

КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ОД МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЛОГИСТИКА ЗА АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА

17/11/2026
Македонија

ПРИТВОР ДО 30 ДЕНА ЗА КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ПО НАПАДОТ ВРЗ

17/11/2026
Македонија

ЦУК СПРЕМА АПЛИКАЦИЈА ШТО МОЖЕ ДА СПАСУВА ЖИВОТИ Граѓаните ќе

17/11/2026
Македонија

СДСМ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА СО 4,7, А ЈА ОСТАВИ СО

17/11/2026
Македонија

СДСМ ЈА ПРЕЗЕДЕ ДРЖАВАТА СО 4,7 МИЛИЈАРДИ ЕВРА ДОЛГ, А

17/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46806
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ФАТЕН СО 500 ЕВРА ПОТКУП, ПРИВЕДЕН РАКОВОДИТЕЛ ВО ДЗС Парите ги барал за позитивно мислење

17/11/2026

Раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување е лишен од слобода откако бил затекнат при примање 500 евра,

СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ“ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ВО ЈАНУАРИ 2027 ГОДИНА Современи услови

17/11/2026

Привршуваат активностите за темелна и енергетски ефикасна рехабилитација на студентскиот дом „Кузман Јосифовски – Питу“ во центарот на Скопје, објектот

КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ОД МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЛОГИСТИКА ЗА АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА НАРАЧАН ОД ИРАН Ирански прокси

17/11/2026

Изминатиот период повеќе земји се соочија со терористички закани и напади од страна на ирански прокси актери, кои иранските разузнавачки

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy