Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 НАЈМЛАДАТА ПАЦИЕНТКА СО РАК НА ГРЛО НА МАТКА ИМА 18 ГОДИНИ Вакцината против ХПВ е корисна и за девојчињата и за момчињата
Македонија

НАЈМЛАДАТА ПАЦИЕНТКА СО РАК НА ГРЛО НА МАТКА ИМА 18 ГОДИНИ Вакцината против ХПВ е корисна и за девојчињата и за момчињата

17/11/2026

AA

Хуманиот папилома вирус (ХПВ) може со години да биде присутен во организмот без никакви симптоми, а долготрајната инфекција со високоризични типови на вирусот може да доведе до развој на рак. Вакцинацијата на девојчињата и момчињата пред да започнат со сексуална активност, заедно со редовните гинеколошки прегледи и скринингот, се клучни за спречување на болестите поврзани со ХПВ, беше истакнато на денешната прес-конференција на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО), одржана по повод Светскиот ден за елиминација на ракот на грлото на матката.

– Најмладата пациентка со цервикален карцином кај нас има само 18 години. Со помош на вакцинацијата и активниот скрининг, преку кој болеста ќе ја откриваме во најраните фази, можеме да добиеме општество во кое ракот на грлото на матката ќе биде минато. Вакцината штити од ХПВ, меѓу кои и највисокоризичните типови 16 и 18. Во развиените земји веќе сме сведоци дека се оди во таа насока. Нашата цел треба да биде што поголем опфат со вакцинација и кај девојчињата и кај момчињата, затоа што имаме вакцина која може да спречи голем дел од заболувањата поврзани со ХПВ. Во 2024 година кај нас беше воведена деветвалентната вакцина, која обезбедува заштита од девет типови на вирусот, од кои два се нискоризични, а седум се високоризични типови што можат да предизвикаат карциноми и кај жените и кај мажите – рече претседателот на МАГО, проф. д-р Глигор Тофоски.

Вакцинацијата не треба да се третира исклучиво како заштита на женското здравје, бидејќи ХПВ може да предизвика сериозни заболувања и кај машката популација. Од мај 2024 година во земјава е овозможена вакцинација против ХПВ и за момчиња.

– ХПВ ги инфицира и машката и женската популација. Она што е особено важно да се разбере е дека ова е тивка инфекција. Нема некакви драматични промени кои ќе го алармираат пациентот дека нешто се случува. Вирусот може да биде присутен со месеци, па дури и со години. Доколку инфекцијата со високоризичен тип на ХПВ трае подолго, може да предизвика сериозни компликации. Кај мажите дијагнозата често се поставува подоцна, бидејќи за нив немаме организирани скрининг-програми како што постојат за ракот на грлото на матката кај жените. Затоа е исклучително важно децата да бидат заштитени со вакцина пред воопшто да дојдат во контакт со вирусот – објасни д-р Соња Ралева, која работи на вакцинација на деца на училишна возраст.

Таа посочи дека во земјава редовната вакцинација се спроведува во седмо одделение, кога децата имаат околу 12 години. На таа возраст вакцината се прима во две дози, а имунолошкиот одговор е добар.

– Постои скептицизам кај родителите во однос на несаканите ефекти од вакцината, а притоа често не се согледува придобивката што ја добива детето со вакцинацијата. На оваа возраст се создава силен имунолошки одговор и затоа инсистираме вакцината да се прими навреме, пред започнувањето на сексуалната активност. Во нашата природа е да не се плашиме од она што не го гледаме. Но, кога ќе се соочиме со дијагноза, тогаш почнува паниката. Токму затоа превенцијата е толку важна. Не треба да чекаме да се појави болест за да почнеме да размислуваме за заштита – истакна Ралева.

Се прават напори во соработка со Националниот комитет за имунизација да се прошири можноста за бесплатна ХПВ вакцинација до 26-годишна возраст. Во моментов вакцинацијата е бесплатна за децата опфатени со националната програма, а за постарите лица вакцината се плаќа. Вакцината е бесплатна за сите до 19 години, а за постари се плаќа 8.000 денари, и треба да се примат 3 дози.

– Преканцерозните лезии на грлото на матката не даваат болка и не предизвикуваат симптоми кои жената би можела да ги препознае. Затоа многу често жените не се свесни дека постои некаков проблем. Ако овие промени се откријат навреме, лекувањето може да биде многу поедноставно и поуспешно. За жал, сè уште имаме жени кои не одат редовно на гинеколог, некои поради страв од прегледот, други затоа што сметаат дека нема потреба ако немаат никакви тегоби. Но, тие неколку минути одвоени за превентивен преглед можат да бидат пресудни за нивното здравје. Кај нас сè уште владее мислењето дека на гинеколог се оди само кога жената е бремена или кога има некаков проблем. Тоа мора да се промени – рече матичниот гинеколог Емилија Трајковска.

Лекарите укажаа дека треба да се зголеми опфатот со вакцинација во повеќе градови и општини, меѓу кои Скопје, Охрид и Битола, како и скопските општини Центар, Чаир и Карпош.

Според Светската здравствена организација, за елиминација на ракот на грлото на матката како јавно-здравствен проблем, до 2030 година земјите треба да постигнат три цели: 90 отсто од девојчињата да бидат вакцинирани против ХПВ до 15-годишна возраст, 70 отсто од жените да бидат опфатени со соодветен скрининг до 35-та година и 90 отсто од жените до 45-та година со откриени преканцерозни промени или рак да добијат соодветен третман.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

НАЈМЛАДАТА ПАЦИЕНТКА СО РАК НА ГРЛО НА МАТКА ИМА 18

17/11/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО РАДИОВЦЕ ПО ДОЈАВАТА ЗА БОМБА ВО ТЕТОВСКО Приведен

17/11/2026
Македонија

ДА НЕ БИДЕ УШТЕ ЕДНА ИЗМЕНА ЗАРАДИ ИЗМЕНА Македонија бара

17/11/2026
Македонија

ФАТЕН СО 500 ЕВРА ПОТКУП, ПРИВЕДЕН РАКОВОДИТЕЛ ВО ДЗС Парите

17/11/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ“ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ВО

17/11/2026
Македонија

КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ОД МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЛОГИСТИКА ЗА АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА

17/11/2026
Македонија

ПРИТВОР ДО 30 ДЕНА ЗА КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ПО НАПАДОТ ВРЗ

17/11/2026
Македонија

ЦУК СПРЕМА АПЛИКАЦИЈА ШТО МОЖЕ ДА СПАСУВА ЖИВОТИ Граѓаните ќе

17/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46808
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРЕТРЕС ВО РАДИОВЦЕ ПО ДОЈАВАТА ЗА БОМБА ВО ТЕТОВСКО Приведен 18-годишник, одземен му е мобилен

17/11/2026

Осумнаесетгодишник од тетовското село Радиовце е приведен под сомнение дека испратил лажна дојава за поставена бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

ДА НЕ БИДЕ УШТЕ ЕДНА ИЗМЕНА ЗАРАДИ ИЗМЕНА Македонија бара извесност во разговорите со Софија

17/11/2026

Македонскиот Устав досега добил 36 амандмани, од кои, според претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, 21 биле донесени со посредство на меѓународната заедница.

ФАТЕН СО 500 ЕВРА ПОТКУП, ПРИВЕДЕН РАКОВОДИТЕЛ ВО ДЗС Парите ги барал за позитивно мислење

17/11/2026

Раководител на сектор во Дирекцијата за заштита и спасување е лишен од слобода откако бил затекнат при примање 500 евра,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy