НА 27 НОЕМВРИ КОРАБОСКИ ЌЕ СЕДНЕ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА Обвинет е за три кривични дела во случајот со Сара
Судењето против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид, треба да започне на 27 ноември.
Корабоски се товари за телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста. По поднесувањето на обвинението, судот му определи притвор во траење до 30 дена.
Обвинението за противправно лишување од слобода се однесува на случувањата во автомобилот, кога Сара барала да биде пуштена да излезе, но обвинетиот одбил и продолжил да вози со голема брзина.
Нападот се случил на 15 ноември. Според претходните информации од полицијата, расправијата започнала во домот, а потоа продолжила во автомобилот. По запирањето на возилото, Корабоски продолжил физички да ја напаѓа девојката, која изгубила свест. Таа била пренесена во Општата болница во Охрид, а потоа и во болницата „Св. Еразмо“, каде што биле констатирани тешки телесни повреди.
Сара во меѓувреме е пуштена од „Св. Еразмо“, но продолжува со медицински испитувања на клиника во Скопје за да се утврди нејзината целосна здравствена состојба. Според првичните информации од болницата, имала повеќе повреди, хематоми и модринки.
Случајот предизвика реакции и отвори прашања за постапувањето на институциите. Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, најави проверка дали имало пропусти во полициското постапување.
По првичното лишување од слобода, на Корабоски му беа определени мерки на претпазливост. Полицијата во меѓувреме продолжила да собира докази, кои биле доставени до Обвинителството. По дополнителните сознанија, обвинителството побара притвор, а судот му определи мерка до 30 дена.
ПРИТВОР ДО 30 ДЕНА ЗА КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ПО НАПАДОТ ВРЗ САРА Обвинет е за три кривични дела
.
Извор: plusinfo.mk