ПРЕТРЕС ВО РАДИОВЦЕ ПО ДОЈАВАТА ЗА БОМБА ВО ТЕТОВСКО Приведен 18-годишник, одземен му е мобилен телефон
Осумнаесетгодишник од тетовското село Радиовце е приведен под сомнение дека испратил лажна дојава за поставена бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.
Полицијата утрово извршила претрес во неговиот дом и помошните простории, при што бил пронајден и одземен мобилен телефон за кој се сомнева дека е поврзан со случајот.
Претресот бил спроведен на 17 ноември, во периодот од 5:45 до 7:25 часот, од полициски службеници од Секторот за борба против тероризам, насилен екстремизам и радикализам, во соработка со Секторот за компјутерски криминал и Полициското одделение Жеровјане.
Осумнаесетгодишникот со иницијали А.Д. бил лишен од слобода и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.
Случајот се истражува поради сомнение за кривично дело од член 366 од Кривичниот законик, кое се однесува на лажно пријавување. По документирањето на сите околности, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
.
Извор: plusinfo.mk