Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 (ВИДЕО) ЧАДНИ БОМБИ И СОЛЗАВЕЦ: Ветераните на ОВК се против Специјален суд
Регион

(ВИДЕО) ЧАДНИ БОМБИ И СОЛЗАВЕЦ: Ветераните на ОВК се против Специјален суд

01/12/2023

AA

Неколкумина се приведени по протестот против посетата на судијката на Специјалниот суд за Косово, Екатерина Трендафилова.

Полицијата го уапси претседателот на опозициската Социјалдемократска партија на Косово (ПСД), Дардан Молиќај по протестот против претседателката на Специјализираните комори на Косово, како што е официјалниот назив на меѓународниот трибунал за воени злосторства во Косово,  Екатерина Трендафилова, јави дописникот на МИА од Приштина.

Трендафилова денеска допатува во работна посета на косовскиот главен град на средба со претставници на граѓанското општество. Активисти на ПСД сепак фрлија солзавец во внатрешноста на хотелот каде се одржа средбата.

Полицијата со солзавец и спрејови ги растера останатите демонстранти, при што не ги поштеди ниту новинарите, а некои од нив, според медиумите, биле и повредени.

Покрај Молиќај, полицијата попладнево уапси уште петмина активисти на партијата која ја создадоа незадоволни членови на раководството од владејачката Движење Самопределување, односно од начинот на кој истата ја води актуелниот премиер Албин Курти.

Претходно, лидерот на ПСД, во обраќање пред демонстрантите изјави дека претседателката на Специјалниот суд, Трендафилова е непожелна во Косово, бидејќи има политичка цел да ја претстави Ослободителната војска на Косово (ОВК) како злосторничко здружение.

Тој кажа дека „секогаш кога Косово е блиску до лоши договори со Србија, има прогон на припадниците на ОВК“.

Молиќај го обвини премиерот Курти дека се радува на престојот во Хаг на поранешните лидери на ОВК и дека, „додека ним таму им се суди, Курти им дава автономија на Србите во Косово“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44970
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата недела на македонското Радио 2

11/08/2026

Една необична музичка нумера предизвика вистинска еуфорија во радиоетерот и ги преплави социјалните мрежи со прашања. По минатонеделниот избор за

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy