Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски: Триесетгодишната поддршка на Светска банка постави солидни патеки за побрз економски раст и развој со што се олеснува нашиот пат кон ЕУ
Македонија

Ковачевски: Триесетгодишната поддршка на Светска банка постави солидни патеки за побрз економски раст и развој со што се олеснува нашиот пат кон ЕУ

01/12/2023

AA

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска присуствуваше и се обрати на одбележувањето на 30 годишнината од воспоставувањето на соработка и партнерство меѓу Светска банка и Република Северна Македонија.

Во продолжение ја пренесуваме интегралната изјава на премиерот Димитар Ковачевски:

„Почитуван декан на Економскиот факултет во Скопје, професор Трпески,

Најпрво благодарам што на едно место успеавте да ги соберете сите или најголемиот дел на најзначајните економисти во државата, заедно со Светска банка и на ваков начин да го прославиме 30 годишниот јубилеј од соработката меѓу Северна Македонија и Светска банка и голема благодарност до Економскиот факултет.

Почитуван Дејан Николовски, раководител на Секторот за јавен долг и меѓународни финансии во Министерството за финансии, кој секојдневно соработува и со Светска банка и со ММФ и од когошто зависи динамиката на спроведувањето на сите овие активности заедно со неговите колеги.

Денеска сме овде, заеднички да го одбележиме триесетгодишниот јубилеј на успешна соработка и партнерство помеѓу Република Северна Македонија и една од најголемите финансиски институции во светот, Светска банка.

На мое огромно задоволство денеска, ќе ги споделиме тука, заедно со вас, дел од плодовите од таа долгогодишна соработка, со чија помош успеавме да унапредиме многу области во нашето општество и да го подобриме квалитетот на живот за нашите граѓани.

Ова заедничко пријателство, во кое учествуваат државните институции, кои се во рамки на Владата меѓутоа и Народната банка претставува исклучително важна соработка пред сѐ за нашите граѓани не само поради финансиската поддршка која ја добиваме од Светска банка, туку особено поради трансферот на знаење и експертиза, кои несомнено нѐ водат кон остварување на нашите стратешки цели и вредности.

Триесет години Светска банка е стратешки партнер на Северна Македонија и го поддржува развојот и напредокот на нашата држава преку реализирани инвестициски проекти во вредност од близу три милијарди долари во различни области, кои секако директно влијаат врз подобрување на квалитетот на живот на нашите граѓани и економијата.

Тековното портфолио кое што Светска банка го има во Северна Македонија е вредно над 400 милиони евра, проекти од кои дел веќе се во фаза на реализација, а кои што се во делот на инфраструктурата, зајакнување на конкуренцијата, енергетиката и други области.

Нашето долгогодишно партнерство со Банката се рефлектира преку реализација на бројни проекти во делот на патната инфраструктура, изградба на градинки и училишта, развој на патиштата, олеснување на трговијата и транспортот во Западен Балкан, поврзување на локални патишта, модернизација на земјоделството, унапредување на социјалните услуги, унапредување на основното образование, практично во сите области на нашето живеење.

Светска банка беше наш најголем партнер во одредувањето на политиките и мерките кои се преземаа како дел од напорите на Владата за справување со последиците од пандемијата со Ковид-19, кога помошта беше повеќе од добредојдена и потребна. Банката нѐ поддржа и финансиски преку итен проект и преку знаење во моделирање на мерките преку кои ги заштитивме ранливите групи на граѓани и компании.

Тие експресно ги доделија финансиските средства на нашата држава меѓутоа за жал заради блокадите кои што ги имавме во Собранието од оние кои што ни кола не треба да се купи, кредитот каснеше меѓутоа на крајот сепак финансиските средства од Светска банка стигнаа и беа наменети за оние на кои најмногу им беа потребни.

Истата пракса продолжи и во периодот кога се соочивме и со енергетската криза, кога заеднички со Светска банка работевме во моделирање на одредени мерки кои ги носеше и имплементираше Владата.

Во оваа прилика ќе набројам само некои од заедничките проекти, иако листата е многу долга.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Комити“ најавија бојкот на Вардар: Бараат оставка од управата предводена

02/09/2026
Македонија

Вештачење за „Пулс“: 13 години немало противпожарна инспекциска контрола во

02/09/2026
Македонија

Шасивари: Борбата против криминалот и корупцијата во затворите е приоритет

02/09/2026
Македонија

Метеоаларм: Невреме со силен ветер и град ја зафаќа Македонија

02/09/2026
Македонија

Скопје доби градски воз, Ѓорѓиевски: Ова е новото Скопје што

02/09/2026
Македонија

Невреме со пороен дожд, силен ветер и град – УХМР

02/09/2026
Македонија

14-годишник возел мопед во спротивна насока и побегнал од полицијата

02/09/2026
Македонија

Авионско прскање против ларви од комарци во Скопје во сабота

02/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45396
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Комити“ најавија бојкот на Вардар: Бараат оставка од управата предводена од Миленко Неделковски

02/09/2026

Тензиите меѓу навивачката група „Комити“ и раководството на ФК Вардар продолжуваат да се зголемуваат. Навивачите преку соопштение објавено на социјалните

Вештачење за „Пулс“: 13 години немало противпожарна инспекциска контрола во објектот

02/09/2026

Нови детали за безбедносните услови во дискотеката „Пулс“ беа изнесени денеска во судницата во Идризово, каде продолжи судењето за трагичниот

Шасивари: Борбата против криминалот и корупцијата во затворите е приоритет

02/09/2026

Зајакнувањето на безбедноста во казнено-поправните установи и спречувањето на влијанието на организираниот криминал се меѓу клучните цели на реформата на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy