Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОДБРАНАТА ВО СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ СЕ ОТКАЖУВА ОД ДЕЛ ОД СВЕДОЦИТЕ ШТО ГИ ПРЕДЛОЖИ Ветиле дека ќе сведочат, но се предомислиле
Македонија

ОДБРАНАТА ВО СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ СЕ ОТКАЖУВА ОД ДЕЛ ОД СВЕДОЦИТЕ ШТО ГИ ПРЕДЛОЖИ Ветиле дека ќе сведочат, но се предомислиле

24/11/2026

AA

Дел од присутните на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ бурно реагираа на одлуката на одбраната да се откаже од двајца сведоци кои самата претходно ги предложи. „На пазар сме или на судење?“, прашаа гласно дел од родителите на жртвите и други присутни на судењето.

Одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко објасни дека дел од сведоците не сакаат да се појавуваат во ваква постапка. Од седум предложени сведоци на денешното рочиште се појавија двајца.

Судијката Дијана Груевска-Илиевска порача дека одбраната е должна да се погрижи сведоците што ги предложила да бидат присутни на рочиштето. Таа нагласи дека, доколку не се откажале од нив, таа може да нареди нивно доведување со полициска придружба.

– Вие да не ги повлечевте, јас со полиција ќе ги донесев, имам право за тоа – изјави Груевска-Илиевска.

Судијката направи споредба со постапувањето на Обвинителството, кое ги обезбедувало сведоците при изведувањето на своите докази, посочувајќи дека истата обврска ја има и одбраната.

Одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко објасни дека дел од лицата предложени за сведоци не сакаат да дојдат и да сведочат во постапката.

На денешното рочиште сведочешеАнастасија Соколова, која работела во дискотеката „Пулс“, а најавено беше и сведочење на Бојан Спасовски, угостител од Гевгелија.

Соколова во „Пулс“ почнала да работи во 2022 година, прво како хостеса, а потоа како шанкерка. Работела за викенди како дополнителна работа и добивала дневница. За организацијата на работата, Соколова посочи дека одговорен бил Деко и дека тој им давал инструкции. На прашањето дали имало друго одговорно лице, одговори дека немало.

Соколова пред судот изјави дека критичната вечер пиротехниката била многу јака и огнот доаѓал од жариштето кај задната врата. Таа рече дека кога со колешката Марија се обиделе да излезат од шанкот, веќе настанало стампедо и сите се заглавиле во него. Соколова додаде дека во големиот шанк се задржале помалку од десет минути откако пејачот на групата ДНК Панчо ги повикал присутните да го напуштат објектот.

Во однос на уредувањето, Соколова рече дека во 2024 година биле отстранети терасите од левата и десната страна над шанкот, по што биле поставени сепариња. Наведе и дека забележала еден или два противпожарни апарати во билетарницата, но не се сеќава дали видела апарати на други места во објектот.

Процесот почна на 19 ноември 2025 година, осум месеци по пожарот што се случи на 16 март 2025 година за време на настапот на групата ДНК. Во трагедијата животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ОДБРАНАТА ВО СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ СЕ ОТКАЖУВА ОД ДЕЛ ОД СВЕДОЦИТЕ

24/11/2026
Македонија

ИЗВРШИЛ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА ДИВОИЗГРАДЕН ХОТЕЛ ВО „ЕЛШАНИ“ Кривична пријава

24/11/2026
Македонија

НЕ ПОДДРЖУВАМ НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ Мицкоски вели дека

24/11/2026
Македонија

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во

23/11/2026
Македонија

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и

23/11/2026
Македонија

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави

23/11/2026
Македонија

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат

23/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46904
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЗВРШИЛ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА ДИВОИЗГРАДЕН ХОТЕЛ ВО „ЕЛШАНИ“ Кривична пријава за злоупотреба на надзорна функција

24/11/2026

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Ч.(67) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на

НЕ ПОДДРЖУВАМ НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ Мицкоски вели дека неколку опции ќе се разгледат

24/11/2026

Сите реформи кои се правени во вториот пензиски столб во Европа имаа неколку сценарија, едно е национализација и тука ќе

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во дигитализацијата и реформите

23/11/2026

Македонија постигнала значителен напредок во дигиталната трансформација, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и реформите во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy