Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Советот на Европа го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна
Македонија

Советот на Европа го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна

01/12/2023

AA

Комисијата за правни прашања и човекови права на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ), на седницата која се одржува на 30 ноември и 1 декември во Париз, го реизбра Александар Николоски за генерален известувач за укинување на смртната казна. Ова му е втор мандат на оваа позиција. Инаку, мандатот трае една година.

Притоа, Николоски пред Комисијата презентираше информативна белешка во која беа опфатени случувањата од последната дискусија на оваа тема во декември 2021 година, вклучувајчи го временскиот период кога за првпат беше избран на оваа позиција.

До денес, повеќе од две третини од земјите (144) ширум светот ја укинале смртната казна со закон или повеќе не ја применуваат, додека 55 земји продолжуваат да ја користат, рече Николоски.

Тој забележа дека одреден напредок кон укинување на смртната казна е забележан во последните месеци во светот, но сè уште е нецелосен. Смртната казна е сурова, нечовечка и понижувачка казна која е спротивна на Европската конвенција за човекови права. Нејзината забрана е основен принцип на Советот на Европа.

Николовски истакна дека Парламентарното Собрание на Советот на Европа треба да игра улога преку споделување на својата експертиза и практика за укинување на смртната казна со другите делови на светот. Ние, подвлече Николоски, треба да продолжиме со нашите напори за целосно да ја искорениме смртната казна од нашиот континент.

По неговиот реизбор за генерален известувач, Николоски истакна дека ќе продолжи да ги следи случувањата во земјите споменати во информативната  белешка и ќе ги осудува новите егзекуции и новите смртни пресуди.

На крај, Николоски побара да се декласифицира неговата информативна белешка за да ја направи достапна за јавноста, како и да организира расправа со експерти на идниот состанок на Комисијата. Сослушувањето ќе биде фокусирано на земјите набљудувачи (Јапонија, САД) и темата за условите на притвор на осудените на смрт.

Комисијата изврши одделни интервјуа и со тројцата кандидати – Мајкл О Флаерти од Ирска, Манфред Новак од Австрија и Меглена Кунева од Бугарија, за функцијата комесар за човекови права на Советот на Европа.

Во рамките на седницата на Комисијата, се дискутираше и за Процесите на репарација и помирување за надминување на минатите конфликти и изградба на заедничка мирна иднина – прашање на правична и еднаква штета и за Спротиставување на стратешките тужби против учеството на јавноста (СЛАПП), како манипулација на судскиот систем, со што се поткопува неговата вродена заштитна улога со негова злоупотреба.

Имаше и сослушување на Евгенија Кара-Мурза, сопруга на опозицискиот руски активист и координатор за застапување и Бил Бровдер, шеф на Кампањата за правда на Сергеј Магнитски, од Обединето Кралствоза, во врска со санкциите за лицата на „Кара-Мурза листата“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја

20/08/2026
Македонија

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026
Македонија

Поранешни градоначалници, директори и советници меѓу 94-те казнети од ДКСК

20/08/2026
Македонија

Ислам Абази нема да бара втор мандат на чело на

20/08/2026
Македонија

Ангелов со апел до сопствениците на викендички: Исчистете ја околината

20/08/2026
Македонија

„Сејф Сити“ стартуваше и за странци – чекањето за наплата

20/08/2026
Македонија

Синдикалната кошница во август достигна 68.675 денари, за еден месец

20/08/2026
Македонија

Лажен лекар измамил жена од Пробиштип за 2.500 евра

20/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45144
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Без концесија копале на државно и приватно земјиште, па ја загадиле водата во Струга –

20/08/2026

Нелегалната експлоатација на минерални суровини во близина на изворите за вода во струшкото село Шум довела до сериозно нарушување на

Владата најави „училишна кошничка“: Во вторник одлука за пониски цени

20/08/2026

Родителите и годинава ќе добијат олеснување при набавката на училишниот прибор пред почетокот на новата учебна година. Владата најави дека

Поранешни градоначалници, директори и советници меѓу 94-те казнети од ДКСК

20/08/2026

Непочитувањето на законската обврска за навремено пријавување на имотот и интересите ги чини десетици избрани и именувани лица по 300

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy