Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во дигитализацијата и реформите
Македонија

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во дигитализацијата и реформите

23/11/2026

AA

Македонија постигнала значителен напредок во дигиталната трансформација, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и реформите во јавната администрација. Ова е оценката што ја упати грчкиот министер за надворешни работи Јоргос Герапетритис на денешниот министерски состанок на групата „Пријатели на Западен Балкан“ во Атина.

Герапетритис му честиташе на шефот на македонската дипломатија Тимчо Муцунски за постигнатиот напредок во овие области, но истовремено порача дека европската интеграција на регионот мора да продолжи со исполнување на условите и без намалување на стандардите.

– Северна Македонија веќе постигна значителен напредок во повеќе области, особено во дигиталната трансформација, усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика, како и во одредени аспекти на реформата на јавната администрација – рече Герапетритис.

Грчкиот министер нагласи дека проширувањето на ЕУ треба да ја задржи динамиката, но и да остане засновано врз исполнување на критериумите и постигнатите резултати. Како особено важни области ги посочи владеењето на правото, независноста на судството, демократското управување, заштитата на човековите права, слободата на медиумите и борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Тој порача дека добрососедските односи, почитувањето на меѓународното право и исполнувањето на преземените обврски се неопходни за стабилноста на регионот. Според него, патот напред не е во спуштање на критериумите, туку во нивно задржување на високо ниво и поддршка за земјите од Западен Балкан да ги исполнат.

На состанокот во Атина Герапетритис се осврна и на напредокот на другите земји од регионот. Црна Гора ја посочи како успешен пример на политиката на проширување на ЕУ, додека за Албанија истакна дека за една година отворила повеќе преговарачки поглавја и веќе затворила четири. За Србија рече дека усвоила низа реформски мерки во областа на владеењето на правото, борбата против корупцијата и изборната рамка.

Грција, како што порача Герапетритис, ќе продолжи да ги поддржува европските аспирации на земјите од Западен Балкан, а дополнителен поттик за тоа очекува и од претстојното грчко претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2027 година.

Муцунски ја оцени средбата како важна за европската перспектива на регионот, посочувајќи дека земјите што се дел од групата „Пријатели на Западен Балкан“ се принципиелни поддржувачи на проширувањето на Европската Унија.

Тој рече дека јавната оценка на Герапетритис за реформите во земјава е потврда за она што Владата го говори во изминатиот период.

– Немам никаков сомнеж дека оваа група на земји-членки има апсолутно јасен став дека на билатерализацијата треба да ѝ се стави крај. Немам сомнеж дека ова е група на земји кои имаат разбирање за нашите позиции – изјави Муцунски.

Според него, покрај принципот на заслуги, односно напредокот што секоја земја го постигнува со спроведувањето на реформите, особено внимание се посветува на две области: основните прашања поврзани со владеењето на правото и усогласувањето со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија.

Муцунски нагласи дека борбата против корупцијата, доброто владеење и усогласувањето со надворешната политика на ЕУ се области во кои не смее да има отстапување, ниту во текот на преговорите за членство.

На маргините на министерскиот состанок, Муцунски остварил билатерална средба со грчкиот колега Јоргос Герапетритис. На разговорите биле отворени прашања од заеднички интерес, меѓу кои инфраструктурното и енергетското поврзување долж Коридорот 10, економската соработка, културата и туризмот.

Двајцата министри разговарале и за предизвиците во билатералните односи, при што Муцунски посочил дека е потребно тие да се решаваат со добра волја и преку дијалог.

Едно од конкретните прашања било и проблемот со кој се соочуваат македонските професионални возачи и транспортери при влезот и престојот во Шенген-зоната. Според Муцунски, со грчкиот колега разговарале за изнаоѓање практично решение за ова прашање.

Двајцата министри ја потврдиле и определбата односите меѓу двете земји да се развиваат врз основа на меѓународното право, добрососедството и сојузништвото во НАТО.

Министерскиот состанок во Атина се одржа во пресрет на самитот ЕУ – Западен Балкан, закажан за 25 ноември во Брисел. На него учествуваа претставници на земјите од групата „Пријатели на Западен Балкан“, министрите од регионот, еврокомесарката за проширување Марта Кос и претставници на ОБСЕ.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во

23/11/2026
Македонија

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и

23/11/2026
Македонија

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави

23/11/2026
Македонија

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат

23/11/2026
Македонија

ЕВРОПСКАТА ИДНИНА СЕ ГРАДИ СО РАБОТА, А НЕ СО ПОЛИТИЧКИ

23/11/2026
Македонија

ЛАЖЕЛ ДЕКА ТУРЦИТЕ ИМААТ ПРОБЛЕМ СО ПРЕСТОЈОТ, ПА ЗЕЛ ПОТКУП

23/11/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА ЌЕ ГИ ТРГА ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА ОД ТУРИСТИЧКА Засилени мерки

23/11/2026
Македонија

САЈБЕР-НАПАД ВРЗ УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ Дигиталните сервиси се обновуваат, од

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46901
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и на можни одрони

23/11/2026

Сообраќајот на државните патишта вечерва се одвива по влажни коловози, а во западните делови од земјата, на некои повисоки места,

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави посебен закон и услов за

23/11/2026

Владата подготвува специјален закон со кој градежните компании ќе бидат обврзани да понудат станови со 20 отсто попуст за млади

ФОРМИРАН НАЦИОНАЛЕН КОМИТЕТ ЗА ЗАШТИТА НА НОВИНАРИТЕ Ќе се следат нападите и заканите, најавени се

23/11/2026

Формиран е Националниот комитет за заштита и безбедност на новинарите, нов меѓуинституционален механизам чија цел е подобрување на безбедноста на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy