Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СТУДЕНТИТЕ ЌЕ ИМААТ 20% ПОПУСТ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА ХРАНА Новиот модел за студентски оброк ќе функционира преку апликација
Македонија

СТУДЕНТИТЕ ЌЕ ИМААТ 20% ПОПУСТ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА ХРАНА Новиот модел за студентски оброк ќе функционира преку апликација

24/11/2026

AA

Студентите ќе имаат апликација на мобилниот телефон, што ќе ја изработи Владата, со која ќе добијат 20 отсто попуст од вредноста на сумата за субвенциониран оброк за храната што ќе ја купат кај некој економски оператор. Но ќе имаат 20 отсто попуст и на тоа што ќе го купат со свои пари кај истиот оператор – продавница, пекарница, ресторан итн.

Министерката за образование и наука Весна Јаневска појасни како ќе функционира новиот модел на студентски оброк, за кој таа, како и премиерот Христијан Мицкоски, посочи дека ќе им овозможи многу повеќе привилегии и поволности на студентите одошто досегашниот модел на ова субвенција.

Одговарајќи на новинарски прашања таа денеска рече дека претставниците на студентите на првата средба биле задоволни од новиот модел што им го нуди Владата и дека веќе е формирана работна група што ќе работи на креирање на моделот односно на софтверското решение.

Владата ќе распише повик за да се пријават што е можно повеќе оператори за храна. Ќе бидат избрани тие што ќе ги исполнат условите, кои, рече, нема да бидат најстроги, „но ќе бидат задоволителни за да биде безбедно и квалитетно тоа што го нудат“.

– Вчера имав средба со новиот претседател на релевантното студентско собрание на УКИМ и разговаравме на темата. Се договоривме – во овој момент ние ќе го исплаќаме редовно она што ни е законска обврска, 140 денари, а од нив ќе чекаме одговори. Студентите предложија уште еднаш да направат анкета, разговор, дискусија со поединечните студентски собранија на факултетите, да добијат од нив одговор дали го прифаќаат овој модел, потоа да ги сублимираат резултатите и да дојдат во Министерството да ни ги соопштат. Тоа ќе го почекаме. Во меѓувреме, јас ќе организирам уште една средба со сите претседатели на сите универзитети, студентски собранија, кои претходно веќе беа во тек со ова, за да видам какви се нивните одговори. Побарав тоа да биде написмено доставено до МОН за да немаме некакви разлики во иднина – изјави Јаневска по посетата на ОУ „Кирил Пејчиновиќ“ во Кисела Вода.

​Во однос на усогласувањето на дневниот износ на субвенционираниот оброк со стапката на инфлација, Јаневска рече дека според пресметката се работи за 156 денари, но и дека законот е недоречен.

– Оттука, поради таа неусогласеност и двојното толкување на законот, во Министерството веќе се пристигнати три тужби до Управниот суд. Постапката е во тек. Како ќе одлучи Судот, ние така и ќе постапиме. Нема проблем за тоа – додаде Јаневска.

На новинарско прашање за реакцијата од ДУИ дека се дискриминирани ученици Албанци при распределбата на стипендиите за ученици и за талентирани поради тоа што мал број од нив добиле стипендија, Јаневска одговори дека апликациите се поднесени со шифри и оти не се добиваат поради етничката припадност туку со исполнети критериуми.

​- Мене ми е жал што ДУИ упорно промовира вакви тези и мислам дека е крајно време да се откажеме од овие тези. Учениците аплицираат со шифра во Министерството. Ние доделуваме стипендии според критериуми воспоставени од државата. За да добие еден ученик стипендија треба да ги исполни тие критериуми. Значи, ние не доделуваме стипендии по етникум. Тие што ги исполниле условите добиле стипендии. Секако, поради приговори ќе направиме уште еднаш ревизија. Но, камерите на „Безбеден град“ не може од ликот да го препознаат етникумот, така ни ние по шифра не препознаваме етникум – изјави Јаневска.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

СТУДЕНТИТЕ ЌЕ ИМААТ 20% ПОПУСТ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА ХРАНА Новиот

24/11/2026
Македонија

ЛЕКАРИТЕ БАРААТ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВО СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

24/11/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ВО СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ СЕ ОТКАЖУВА ОД ДЕЛ ОД СВЕДОЦИТЕ

24/11/2026
Македонија

ИЗВРШИЛ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА ДИВОИЗГРАДЕН ХОТЕЛ ВО „ЕЛШАНИ“ Кривична пријава

24/11/2026
Македонија

НЕ ПОДДРЖУВАМ НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ Мицкоски вели дека

24/11/2026
Македонија

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во

23/11/2026
Македонија

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и

23/11/2026
Македонија

20 ОТСТО ПОЕВТИНИ СТАНОВИ ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ Мицкоски најави

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46906
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЛЕКАРИТЕ БАРААТ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВО СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ Последниот инцидент со Итната помош

24/11/2026

Здружението на лекари специјализанти најостро го осудува нападот врз екипата на Брзата помош кој се случи во саботата и бара

ОДБРАНАТА ВО СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ СЕ ОТКАЖУВА ОД ДЕЛ ОД СВЕДОЦИТЕ ШТО ГИ ПРЕДЛОЖИ Ветиле дека

24/11/2026

Дел од присутните на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ бурно реагираа на одлуката на одбраната да се откаже

ИЗВРШИЛ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА ДИВОИЗГРАДЕН ХОТЕЛ ВО „ЕЛШАНИ“ Кривична пријава за злоупотреба на надзорна функција

24/11/2026

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Ч.(67) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy