ИЗВРШИЛ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА ДИВОИЗГРАДЕН ХОТЕЛ ВО „ЕЛШАНИ“ Кривична пријава за злоупотреба на надзорна функција
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Ѓ.Ч.(67) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Злоупотреба на службена положба и овластување” по член.353 од Кривичниот законик како и против правен субјект-Друштво за градежништво и трговија од Кавадарци, негова сопственост.
Пријавениот, во својство на надзорен орган составил и потпишал технички извештај и ставил во употреба хотелски комплекс изграден во Охрид, лоциран на катастарска парцела „Елшани”. Тоа го сторил иако знаел дека хотелот е изграден спротивно на издадено одобрение и има изведени нелегални градби на хотелски комплекс.
.
Извор: plusinfo.mk