Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 СКОПЈЕ ТРИ ДЕНА БЕШЕ ЦЕНТАР НА НАУКАТА И ИНКЛУЗИЈАТА Заврши Меѓународната конференција за аутизам „Низ призмата“
Македонија

СКОПЈЕ ТРИ ДЕНА БЕШЕ ЦЕНТАР НА НАУКАТА И ИНКЛУЗИЈАТА Заврши Меѓународната конференција за аутизам „Низ призмата“

24/11/2026

AA

Повеќе од 1.200 лекари, терапевти, едукатори, истражувачи, родители и лица со аутизам од 18 до 20 ноември ги исполнија четирите сали на хотелот „Холидеј Ин“ на Меѓународната конференција за аутизам „Низ призмата“. Како прв настан од ваков обем во земјата и еден од најголемите бесплатни стручни собири во Европа, конференцијата беше целосно финансирана од Фондацијата со слободен влез и симултан превод. Програмата опфати 63 предавања, панел-дискусии, работилници и директни консултации.

84 говорници и најнови светски научни сознанија

Научната тежина на конференцијата ја дефинираа 84 говорници, меѓу кои 27 реномирани експерти од САД, Холандија, Италија, Израел, Велика Британија, Швајцарија, Шпанија, Канада и регионот.

Во Скопје предаваа водечкиот тим на израелскиот Азриели центар, проф. д-р Јан Бојтелар, проф. д-р Стефано Паланти, проф. д-р Филипо Муратори, проф. д-р Андреас Милер и британскиот самозастапник и едукатор Крис Бонело.

Нивното гостување овозможи најновите светски достигнувања — од примена на вештачка интелигенција и рани биомаркери, до неинвазивна невромодулација и современа дијагностика — наместо да останат достапни само на скапи меѓународни конгреси, директно и бесплатно да им бидат пренесени на домашните стручњаци и семејства.

Науката преточена во практична поддршка

Паралелната програма се одвиваше во четири тематски сали — „Перспективи“, „Калеидоскоп“, „Рефлексија“ и консултативното катче „Фокус“ — со цел научните знаења веднаш да добијат конкретна примена.

За родителите и семејствата се овозможија директни разговори лице в лице со специјалисти за фармакотерапија, исхрана, комуникација и образовна инклузија. А за здравствените работници беше овозможена современа клиничка едукација акредитирана од Лекарската комора.

– Со оваа конференција уште еднаш потврдивме дека вистинските промени почнуваат тогаш кога науката, практиката и личното искуство ќе се најдат во ист простор. Огромниот интерес и активните дискусии во сите четири сали покажуваат дека на нашето општество му се неопходни вакви отворени, достапни и стручни платформи што градат разбирање и поддршка. Сега ни преостанува информациите што ги слушнавме да ги преточиме во конкретни дела – порача Викторија Механџиска, претседателка на Управниот одбор и коосновачка на Фондацијата.

Викторија Механџиска

На свеченото отворање на конференцијата присуствуваа министерот за здравство Сашо Клековски и министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски.

Фондацијата „Д-р Верица Механџиска“ е посветена на унапредување на здравствената, образовната и социјалната поддршка за децата и лицата со аутизам и атипичен развој, преку донации на сензорни соби и опрема, поддршка на локални иницијативи и организација на меѓународни стручни и едукативни настани. Повеќе информации се достапни на www.fvm.com.mk.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

СКОПЈЕ ТРИ ДЕНА БЕШЕ ЦЕНТАР НА НАУКАТА И ИНКЛУЗИЈАТА Заврши

24/11/2026
Македонија

СТУДЕНТИТЕ ЌЕ ИМААТ 20% ПОПУСТ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА ХРАНА Новиот

24/11/2026
Македонија

ЛЕКАРИТЕ БАРААТ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВО СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ

24/11/2026
Македонија

ОДБРАНАТА ВО СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ СЕ ОТКАЖУВА ОД ДЕЛ ОД СВЕДОЦИТЕ

24/11/2026
Македонија

ИЗВРШИЛ ТЕХНИЧКИ ПРИЕМ НА ДИВОИЗГРАДЕН ХОТЕЛ ВО „ЕЛШАНИ“ Кривична пријава

24/11/2026
Македонија

НЕ ПОДДРЖУВАМ НАЦИОНАЛИЗАЦИЈА НА ВТОРИОТ ПЕНЗИСКИ СТОЛБ Мицкоски вели дека

24/11/2026
Македонија

ГЕРАПЕТРИТИС МУ ЧЕСТИТАШЕ НА МУЦУНСКИ Грција го пофали напредокот во

23/11/2026
Македонија

КАШЕСТ СНЕГ НА ПАТИШТАТА ВО ЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА „Македонијапат“ предупредува и

23/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46907
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СТУДЕНТИТЕ ЌЕ ИМААТ 20% ПОПУСТ ВО ПРОДАВНИЦИТЕ ЗА ХРАНА Новиот модел за студентски оброк ќе

24/11/2026

Студентите ќе имаат апликација на мобилниот телефон, што ќе ја изработи Владата, со која ќе добијат 20 отсто попуст од

ЛЕКАРИТЕ БАРААТ ОБЕЗБЕДУВАЊЕТО ДА БИДЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВО СИТЕ ЗДРАВСТВЕНИ УСТАНОВИ Последниот инцидент со Итната помош

24/11/2026

Здружението на лекари специјализанти најостро го осудува нападот врз екипата на Брзата помош кој се случи во саботата и бара

ОДБРАНАТА ВО СЛУЧАЈОТ „ПУЛС“ СЕ ОТКАЖУВА ОД ДЕЛ ОД СВЕДОЦИТЕ ШТО ГИ ПРЕДЛОЖИ Ветиле дека

24/11/2026

Дел од присутните на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ бурно реагираа на одлуката на одбраната да се откаже

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy