ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ ТРЕБА ДА ДАВА ОСТАВКА На ВМРО-ДПМНЕ му одговара тој да го води СДСМ и да губи на избори
ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ, а во однос на СДСМ победивм со разлика поголема од 4 спрема 1, соопшти партијата.
Од 6 кандидати, Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 2.945 гласови.
„СДСМ и Венко Филипче доживеја уште еден изборен дебакл во Брвеница, уште еден сериозен изборен неуспех. СДСМ се наоѓа на четвртото место, со повеќекратно помала поддршка од ВМРО-ДПМНЕ. На СДСМ им го честитаме освоеното четврто место и им посакуваме уште многу вакви резултати со Венко Филипче на чело“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
И покрај дебаклот во низа на СДСМ, Венко Филипче не треба да си поднесе оставка, порача партијата.
„Сè додека тој управува со СДСМ и е послушник на Зоран Заев, граѓаните тоа ќе го препознаваат и ќе се одлучат за работа и за резултати и за борба за иднина каква нуди Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ продолжува со работа, одговорност и со јасна цел, победа на 1 ноември и иднина со повеќе резултати за сите граѓани на Брвеница, без разлика на нивната етничка припадност. Целта на ВМРО-ДПМНЕ е Брвеница да биде општина на сите нејзини жители, со подобри услови за живот, нови можности и конкретни проекти што ќе донесат вистински напредок“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Очекуваме рекордни 4.000 гласа во вториот круг, порача партијата.
.
Извор: plusinfo.mk