Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому му одговара криза во односите со Македонија
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому му одговара криза во односите со Македонија

19/10/2026

AA

Случајот со Ива Михаилова се користи за создавање криза во односите меѓу Македонија и Бугарија во пресрет на изборите во Бугарија, оцени вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, посочувајќи дека истрагата што се води треба да утврди дали имало пропусти на македонските институции при нејзиното напуштање на земјата.

Во интервју за емисијата „360 степени“ на МРТ Николоски најави дека јавноста наскоро ќе биде запознаена со резултатите од истрагата. Коментирајќи ги наводите на бугарскиот амбасадор во земјава Жељазко Радуков, за наводна координација или знаење на македонските власти при нејзиното заминување, тој посочи дека постои синхронизација меѓу ставовите на Софија и опозициската СДСМ.

– Имам само една непозната во целата работа, а тоа е дали претставниците на СДСМ и бугарскиот амбасадор разговараат телефонски, се среќаваат лично или одржуваат конференциски разговори за да ги координираат ставовите. Минатата недела кажав дека станува збор за јасна координација на ставовите, што вчера се потврди, имајќи предвид дека тезите што ги изнесува СДСМ во врска со овој случај се исти или многу слични со тезите што ги слушнавме вчера од амбасадорот на Република Бугарија, кој е официјален претставник на Бугарија во државата. Јасно е дека постои координација. Јасно е и дека целта на СДСМ не е да го зголеми сопствениот рејтинг, туку да најде начин да го намали рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ – истакна Николоски.

Според него, во позадина на случајот стои предизборниот амбиент во соседна Бугарија, каде што, вели, политичките субјекти повторно посегнуваат по прашања поврзани со Македонија за да наметнат криза во билатералните односи.

– Штом мора да се прави шоу со пренесување на коските на цар Самоил од Солун во Софија, очигледно нема друг начин, па мора да си поигруваат со судбината на едно младо девојче. Таа ќе биде заборавена, како што беа заборавени и други случаи и личности искористени во одредени моменти. Се обидуваат да предизвикаат наша емотивна реакција, мислејќи дека ќе кажеме оти ги напуштаме преговорите со ЕУ, но сериозно ја потценуваат нашата способност да ги разбереме работите – нагласи Николоски.

Во однос на прашањето за евентуална одговорност на македонските безбедносни институции, Николоски наведе дека резултатите од тековната истрага наскоро ќе бидат презентирани пред јавноста, но укажа и на поширокиот криминален контекст и семејното стебло на Михаилова.

– Доколку истрагата утврди дека некој навистина направил пропуст, секако дека ќе има одговорност. Но, нереалистично е да се очекува на сите жители да им доделиме полицајци. Тука посуштинско е прашањето: како е возможно држава членка на НАТО и ЕУ да штити лица кои бегаат од правдата? Нејзиниот татко е правосилно осуден во акцијата „Детонатор“ за тешки кривични дела и се наоѓа во Бугарија каде што е заштитен и не се екстрадира. Сега станува збор за две лица од исто семејство – заклучи Николоски.

Прашан зошто институциите не го спречиле заминувањето и дали станува збор за институционално потфрлање, вицепремиерот информираше дека постапката за расчистување на настанот е во тек.

Како е возможно, вели, држава членка на НАТО и Европската Унија која тврди дека има функционален систем на владеење на правото да штити лица кои бегаат од правдата.

– Во овој случај станува збор за две лица од исто семејство. Намерата е јасна. Сакаат да предизвикуваат провокации и да ги користат во предизборни цели. Но, како што кажав, доволно сме паметни за да не подлегнеме на провокации – нагласи вицепремиерот Николоски во емисијата „360 степени“ на МРТ.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ

19/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому

19/10/2026
Македонија

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН!

19/10/2026
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ПРЕГОВАРА СО ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРЕДИТОР ЗА БРЗАТА ПРУГА Николоски

19/10/2026
Македонија

ЈА СИЛУВАЛ СОПРУГАТА, ЈА ИСТЕПАЛ ЌЕРКАТА Пријавен случај на тешко

19/10/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРВ СО 2.945 ГЛАСА, ВТОР ЈАХИЈ ОД

19/10/2026
Македонија

„ИЛИ ЦЕЛ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА НА АЛБАНСКИ, ИЛИ

19/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТОТ НА „ПУЛС“ ИМАЛ ТРИ ВЛЕЗОВИ И ИЗЛЕЗИ, НО НЕ

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46271
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ ЗАТВОР Судот нареди конфискација на

19/10/2026

Една година и седум месеци затвор е казната што Апелацискиот суд му ја одреди на поранешниот генерален секретар на Владата,

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН! Вицепремиерот Николоски за политичкото значење

19/10/2026

Интензивно и на дневна основа се преговара со потенцијалниот кредитор за изградба на брзата пруга, а проектот е влезен во

ИНТЕНЗИВНО СЕ ПРЕГОВАРА СО ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРЕДИТОР ЗА БРЗАТА ПРУГА Николоски очекува целиот проект да чини

19/10/2026

Интензивно и на дневна основа се преговара со потенцијалниот кредитор за изградба на брзата пруга, а проектот е влезен во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy