ЈА СИЛУВАЛ СОПРУГАТА, ЈА ИСТЕПАЛ ЌЕРКАТА Пријавен случај на тешко семејно насилство во Кичево
Тежок случај на можно семејно и сексуално насилство е пријавен во Кичево, каде што 37-годишен маж е пријавен дека извршил обљуба врз сопругата, а потоа физички ја нападнал и нивната малолетна ќерка.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 17 октомври 2026 година во ОВР Кичево. Според пријавата, Е.К. (37) од Кичево извршил обљуба врз неговата сопруга, а потоа физички ја нападнал малолетната ќерка, информираат од МВР.
Засега не се соопштени дополнителни информации за околностите под кои се случил наводниот напад, ниту за здравствената состојба на сопругата и детето.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот, по што против 37-годишниот кичевец ќе биде поднесена соодветна пријава.
Од МВР не е соопштено дали осомничениот е приведен.
.
Извор: plusinfo.mk