МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Прилагодена грижа за секој пациент
Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа се сретна со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и разговарале за нивната состојба, потребите и за грижата што им е потребна и понатаму.
„Државата е тука, на долги стази. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева од работната група на Министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Владко Грозданов“, објави министерот Клековски.
.
Извор: plusinfo.mk