Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН! Вицепремиерот Николоски за политичкото значење на владината инфраструктурна офанзива
Македонија

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН! Вицепремиерот Николоски за политичкото значење на владината инфраструктурна офанзива

19/10/2026

AA

Интензивно и на дневна основа се преговара со потенцијалниот кредитор за изградба на брзата пруга, а проектот е влезен во финална фаза и по добивањето на сите потребни студии, фокусот е ставен на изборот на финансиер, изведувач и надзор – изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за „360 степени“ на МРТ 1.

– Сега одиме во финалната фаза, каде што треба да избереме финансиер, кредитор и треба да избереме изведувач и надзор, секако ќе има и проектна единица. Тоа е финале во едно проектно финансирање, да не ни се случи како со автопатите на коридорот 8 и 10д коишто ги работи конзорциумот ’Бехтел и Енка’, да се влезе во проект без да има обезбедено финансирање. Но, не само финансирање, таму подоцна и проектна единица се бираше. Со надзорот еве веќе имаме ситуација каде што му истекува договорот. Не сакаме да влегуваме во таква ситуација и затоа сакаме да ги уредиме сите тие односи. Кажавме дека ни е таргет со почетокот на новата градежна сезона, зависно од временските услови пролетта следната година, март, април месец, веќе и на терен да има градежни активности – рече Николоски.

Со оглед на тоа што болниците во Штип, Кичево и Тетово првично се споменува како дел од британскиот пакет заедно со брзата пруга, но подоцна беше одлучено да се финансираат преку Светска банка и ЕИБ, министерот беше прашан дали постои можност за промена и кај железницата. Според него, за сите проекти биле испратени барања до над 30 меѓународни финансиски институции.

– За болниците најдобра понуда даде еден конзорциум којшто е комбинација од Светска банка, Европска инвестициска банка, а во однос на железницата најдобрата понуда ја имаме од Велика Британија. Финансиерот во однос на брзата пруга ќе е со механизмот на УКЕФ (UK Export Finance)“ – вели Николоски.

Министерот предвидува целиот проект за брзата пруга да изнесува околу 2 милијарди евра, при што трошењето на средствата ќе биде најинтензивно во втората, третата и четвртата година од петгодишниот период на реализација.

– Амбицијата на Владата е огромна, да се доизградат двата коридори 8 и 10 и државата да ја зацврсти и политички и економски својата позиција – рече министерот за транспорт Александар Николоски.
Не случајно се градат 6 автопати и 2 пруги на европските коридори кои минуваат низ Македонија, додаде Николоски.
– Прво е политички. Ние кога целосно ќе ги завршиме двата коридори, 8 и 10, веќе нема прашање за опстојувањето на Македонија. Јас така го гледам и Владата така го гледа. И не случајно, 2024 година, кога оваа влада се формираше, премиерот Мицкоски ова го стави како прва политика на Владата. Затоа што кога ќе имаме два функционални коридори, едниот најинтересен економски коридор во Европа, вториот најважен безбедносен коридор за НАТО, веќе никој нема да ја поставува под прашање судбината и постоењето на Македонија. Ако двајца премиери на две соседни држави можеа да го направат тој спектакл со коските кои што наводно му припаѓаат на Цар Самоил, тогаш ние треба да сме исклучително одговорни кон државата и кон опстојот на државата и сметам дека ова е еден од начините да гарантираме опстој на државата – рече Николоски.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН!

19/10/2026
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ПРЕГОВАРА СО ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРЕДИТОР ЗА БРЗАТА ПРУГА Николоски

19/10/2026
Македонија

ЈА СИЛУВАЛ СОПРУГАТА, ЈА ИСТЕПАЛ ЌЕРКАТА Пријавен случај на тешко

19/10/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРВ СО 2.945 ГЛАСА, ВТОР ЈАХИЈ ОД

19/10/2026
Македонија

„ИЛИ ЦЕЛ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА НА АЛБАНСКИ, ИЛИ

19/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТОТ НА „ПУЛС“ ИМАЛ ТРИ ВЛЕЗОВИ И ИЗЛЕЗИ, НО НЕ

19/10/2026
Македонија

ИНСТИТУЦИИТЕ СЕ СОЗДАВААТ СО ДЕЦЕНИИ, А СЕ БРИШАТ СО ЕДНО

19/10/2026
Македонија

СЕ МЕНУВА ВОДОВОДНА МРЕЖА СТАРА НАД 40 ГОДИНИ ВО БИТОЛА

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46269
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИНТЕНЗИВНО СЕ ПРЕГОВАРА СО ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРЕДИТОР ЗА БРЗАТА ПРУГА Николоски очекува целиот проект да чини

19/10/2026

Интензивно и на дневна основа се преговара со потенцијалниот кредитор за изградба на брзата пруга, а проектот е влезен во

ЈА СИЛУВАЛ СОПРУГАТА, ЈА ИСТЕПАЛ ЌЕРКАТА Пријавен случај на тешко семејно насилство во Кичево

19/10/2026

Тежок случај на можно семејно и сексуално насилство е пријавен во Кичево, каде што 37-годишен маж е пријавен дека извршил

РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРВ СО 2.945 ГЛАСА, ВТОР ЈАХИЈ ОД НАИ СО 2.152 ГЛАСА Официјални

19/10/2026

Според првичните официјални резултати на ДИК на предвремените избори за градоначалник на општина Брвеница, одѕивот изнесувал 46,58 проценти, односно гласале

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy