Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Путин откри што се случило со Евгениј Пригожин
Македонија

Путин откри што се случило со Евгениј Пригожин

06/10/2023

AA

Освен што откри дека на телото на Пригожин, кој загина во авионската несреќа, се пронајдени траги од бомба, Путин ја отфрли можноста авионот да бил погоден.

„Прашањето веројатно виси во воздух – што се случило со раководството на воената компанија… Шефот на Истражниот комитет извести дека во телата на жртвите биле пронајдени фрагменти од рачни бомби. Немало надворешно влијание врз авионот “, рече тој на состанокот на Меѓународниот клуб за дискусија „Валдај“.

Тој подвлече дека тоа е утврден факт.

Путин изјави и дека неколку илјади борци од групата на Вагнер потпишале договори со вооружените сили на Русија. Тој истакна дека во Русија нема приватни воени компании, бидејќи, како што наведе, нема соодветна законска регулатива.

„Приватна воена компанија“ е име создадено од новинари. Во Русија нема приватни воени компании бидејќи нема закон за приватни воени компании. Ние ги немаме и никогаш не ги имавме“, рече Путин, додавајќи дека искуството со Вагнер беше „несмасна“ затоа што не беше заснована на закон.

Според зборовите на претседателот на Русија, учеството на борците на групата на Вагнер било предизвикано од потребата на бојното поле.

Министерството за вонредни состојби на Русија на 23 август соопшти дека приватниот авион „Embraer Legacy“ кој летал од Москва за Санкт Петербург се урнал во близина на селото Куженкино во Тверската област. Подоцна рускиот истражен комитет објави дека е утврден идентитетот на сите 10 жртви, а меѓу патниците е и основачот и лидер на групата Вагнер, Евгениј Пригожин.

Абортираниот бунт, за време на кој тој побара разрешување на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, беше најголемиот предизвик за владеењето на претседателот Путин откако тој дојде на власт во 1999 година.

Русија соопшти дека ја потврдила неговата смрт во несреќа по ДНК анализа, но не ја открила причината.

Тој беше погребан на гробиштата во Санкт Петербург опкружен со семејството и пријателите, објави неговиот ПР тим.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Почина Исмаил Бојда, почесен претседател на Сојузот на Македонците со

01/08/2026
Македонија

Жена не може да оди по породување со царски рез

01/08/2026
Македонија

Пеколно утро во Македонија – УХМР соопшти каде е најтопло

01/08/2026
Македонија

Лишени од слобода тројца криумчари, одземени две возила и стока

01/08/2026
Македонија

Гужви на границите, за излез на граничниот премин Богородица се

01/08/2026
Македонија

Владата прогласи 30-дневна кризна состојба поради опасност од пожари

31/07/2026
Македонија

Мицкоски: Кој најавил дека ќе се укине вториот столб?

31/07/2026
Македонија

Цените на становите уриваат рекорди: Квадрат во Центар достигна 3.360

31/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44793
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Путин: Замрзнувањето на руските златни и девизни резерви на Запад не е кражба, туку грабеж!

26/06/2025

Можната конфискација на руските златни и девизни резерви замрзнати во западните банки е грабеж, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин.

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутно прекин на огнот

24/06/2025

Американскиот претседател Доналд Трамп објави на својата социјална мрежа Truth Social дека е договорено примирје меѓу Израел и Иран.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy