Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Отштета од половина милијарда евра за Казандол?! Пресудата ќе почека да поминат изборите
Македонија

Отштета од половина милијарда евра за Казандол?! Пресудата ќе почека да поминат изборите

02/04/2024

AA

Подолг период во јавноста циркулира информацијата дека Македонија изгубила уште еден арбитражен спор поради одлуката на Владата еднострано да го раскине Договорот за концесија за експлоатација на бакар во Казандол, а со тоа наводно, станува збор за астрономска отштета од околу половина милијарда евра, која од државниот буџет ќе треба да се префрли на сметката на англиско-украинскиот конзорциум „Сардич МЦ“, пишува ПлусИнфо.мк.

Како што пишува порталот, сознанијата велат дека пресудата од меѓународната арбитража во Вашингтон е во полза на концесионерот, а државата го загубила спорот.

Според нив, властите тактизираат со тајмингот на објавата на пресудата, односно владината коалиција (СДСМ-ДУИ) наводно успеала да излобира истата да биде објавена во есен, а не сега во период на предизборие, кога може да стане тема во кампањата на која ќе губат политички поени.

Предметот дојде до меѓународната арбитража откако екс премиерот Зоран Заев на 27 март 2018 година ја потпиша одлуката за едностран раскин на договорот, велејќи дека има цврсти правни аргументи.

„Владата е посветена на здравјето на граѓаните, здравјето е поважно од било кој приватен интерес и ова е порака до граѓаните на општините Валандово, Богданци и Дојран“, изјави тогаш Заев, додавајќи дека компанијата била обврзана „во рок од две години да изгради постројка за експлоатација на катоден бакар, а Владата нема да плаќа пенали, бидејќи во овој случај концесионерот не го испочитувал договорот“.

Од Сардич тогаш одговорија дека не се исполнети ниту законските, ниту договорните услови за еднострано раскинување од страна на Владата на Договорот за концесија за експлоатација за рудникот „Казандол“. Според конзорциумот, надлежните државни институции никогаш не утврдиле ниту една неправилност, а концесионерот воопшто не бил ниту опоменуван, ниту пак казнуван. Пред да ја покрене меѓународната арбитража компанијата побара да се пристапи и кон пријателско решавање на спорот, а реагираше и украинската амбасада во земјава. Оттаму истакнаа дека Македонија и Украина имаат потпишано спогодба за поттикнување и заемна заштита на инвестициите во двете држави и спорот треба да се реши со пријателски преговори.

Сепак, како што пишуваат од порталот, шест години подоцна скоро половина милијарди евра народни пари ќе треба да „легнат“ на контото на компанијата. Првичната инвестиција на англиско-украинската компанија Сардич беше проценета на 25 милиони евра и беа предвидени 250 вработувања.

Изминатиов период во правните лавиринти заглави и инвестицијата за рудник за бакар во Иловица, а инвеститорот „Еуромакс ресоурцес“ е сѐ погласен во најавите за покренување меѓународна арбитража, откако Владата лани реши да ја поништи Одлуката за спојување на концесиите, а Управниот суд не ја прифати нивната тужба.

„Загрижувачки е да се види таков модел на судски надзор, особено кога правата на меѓународните инвеститори се доведени во прашање. Постојаното непочитување на законите од страна на Владата и релевантните државни институции е алармантна, и во таков случај меѓународната арбитража се наѕира како неизбежна последица доколку овој тренд продолжи. Со значителното зголемување на цените на бакарот и златото во последните години, потенцијалните економски импликации од таквите активности не можат да се пренагласат“, информираше Тим Морган-Вин, извршниот претседавач на Бордот на директори на компанијата.

Неофицијално, евентуалната отштета кон „Еуромакс ресоурцес“ преку арбитража може да достигне и над една милијарда евра.

Во тој случај, заедно со веќе покренатите меѓународни арбитражи, странски инвеститори од државава би имале побарувања во вредност од над две милијарди евра.

Прочитајте повеќе: Плусинфо.мк

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САД ПРЕДУПРЕДИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИ ЗАКАНИ КОН БУГАРИЈА За Македонија ризикот

17/11/2026
Македонија

НА 27 НОЕМВРИ КОРАБОСКИ ЌЕ СЕДНЕ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА Обвинет

17/11/2026
Македонија

НАЈМЛАДАТА ПАЦИЕНТКА СО РАК НА ГРЛО НА МАТКА ИМА 18

17/11/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО РАДИОВЦЕ ПО ДОЈАВАТА ЗА БОМБА ВО ТЕТОВСКО Приведен

17/11/2026
Македонија

ДА НЕ БИДЕ УШТЕ ЕДНА ИЗМЕНА ЗАРАДИ ИЗМЕНА Македонија бара

17/11/2026
Македонија

ФАТЕН СО 500 ЕВРА ПОТКУП, ПРИВЕДЕН РАКОВОДИТЕЛ ВО ДЗС Парите

17/11/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ“ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ВО

17/11/2026
Македонија

КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ОД МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЛОГИСТИКА ЗА АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА

17/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46810
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САД ПРЕДУПРЕДИЈА НА ТЕРОРИСТИЧКИ ЗАКАНИ КОН БУГАРИЈА За Македонија ризикот е низок

17/11/2026

Ризикот од терористички активности во земјава останува низок, каков што е и подолг временски период наназад и покрај глобалните трендови

НА 27 НОЕМВРИ КОРАБОСКИ ЌЕ СЕДНЕ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА Обвинет е за три кривични дела

17/11/2026

Судењето против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид, треба да започне на 27 ноември.

НАЈМЛАДАТА ПАЦИЕНТКА СО РАК НА ГРЛО НА МАТКА ИМА 18 ГОДИНИ Вакцината против ХПВ е

17/11/2026

Хуманиот папилома вирус (ХПВ) може со години да биде присутен во организмот без никакви симптоми, а долготрајната инфекција со високоризични

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy