Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАПРЕНО ПРОИЗВОДСТВО, ОБВРСКИ, РАБОТНИЦИ НА 70 ОТСТО? – Ван Хол бара спас во нов газда, во игра холандска и белгиска фирма
Економија

ЗАПРЕНО ПРОИЗВОДСТВО, ОБВРСКИ, РАБОТНИЦИ НА 70 ОТСТО? – Ван Хол бара спас во нов газда, во игра холандска и белгиска фирма

02/04/2024

AA

Што се случува во една од дсосега најсилните и најуспешните странски инвестиции во земјава, Ван Хол?

Извори од компанијата за Фактор велат дека таму се подготвува промена на сопственоста на фирмата мајка, и дека можни купувачи се или холандската компанија VDL за производство на автобуси, или, пак белгиска компанија Dumarey Group.

Наши извори велат дека во некогашната македонска гордост за производство на автобуси веќе е стопирано производството, и дека таму е кажано оти оваа состојба ќе трае околу две недели, а работниците се пуштаат на 70 отсто од платата. 

Наводно информациите што се шират низ работничките кругови се дека причина за ова е лошата состојба односно неизбежниот банкрот на фирмата мајка во Белгија.

Дури, се оди дотаму дека и македонскиот Ван Хол има многу неплатени обврски, и тоа кон македонски компании со кои соработува, и тоа оние добавувачи од кои обезбедува превоз, храна за работниците и слично.

Нашите информации говорат дека спасот се бара во продажба на Ван Хол на друг инвеститор, и наводно за тоа се преговара со две компании, една холандска, а другата е Групацијата Dumarey, за што веќе објавија одредени холандски медиуми.

Фактор денеска инсистираше за овие и други прашања да поразговара со Аврам Стојчевски, првиот човек на Ван Хол Македонија. 

Но, тој не упати да испратиме прашања на англиски јазик или до компанијата, или до централата во Белгија, на што ние прашавме зошто со компанија која работи со години во Македонија треба да се комуницира на англиски јазик, но тој не не удостои со понатамошна комуникација. 

А, во отстуство на одговор од Стојчевски, Фактор пренесува текст од холандскиот медиум Омнибус од крајот на март, насловен како VDL vs Dumarey.

Еве што е наведено во тој медиум.

„Се уште ќе има пари до 31 март, а потоа касата ќе биде целосно празна“, изјавил Марк Званевелд, соработник на Филип Ван Хул на почетокот на 2024 година.

Ко-извршниот директор го презеде управувањето со Ван Хол. Тој беше и оној кој ја презеде водечката улога во развојот на планот за реструктуирање.

Бидејќи банкрот повеќе не може да се избегне, Марк Званевелд сега за белгиските медиуми изјавува дека единствениот начин да не се губат работни места и знаење е нов почеток со извесен купувач на компанијата, по нејзиниот банкрот. 

„Знаев дека семејството Ван Хул не е на иста страна. Но, сè уште не го знаев влијанието на спорот за наследството… Владата и банките навистина имаа намера да најдат решение. Планот беше многу напорен, но остварлив. Семејството стави крај на тоа. Ван Хол сега е банкрот, неизбежно“, вели кризниот менаџер во интервју за Де Стандард.

Но, има и позитивни работи: во моментов за купување на Ван Хул разговараат две заинтересирани страни. Холанѓаните се заинтересирани за поделбата на автобусите. Производителот на автобуси VDL како дел од VDL Group во соработка со Schmitz Cargobull за приколките, како и Dumarey Group, која е белгиска компанија, со брендот Мелор кој е активен во светот на автобусите, и се заинтересирани да го преземат.

Ван Хол веќе поднел барање за заштита од доверителите во Стопанскиот суд во Мехелен. Тие сакаат да се осигураат дека операцијата е ажурирана. Може да се задржат натамошни мерки со цел да им се даде уште една шанса на преговорите со потенцијалните кандидати за преземање.

Според фламанскиот весник De Tijd, долгот на Ван Хул изнесува речиси 400 милиони евра, додека други белгиски весници споменуваат најмалку 200 милиони евра. Дел од семејството Ван Хол продолжува да ги поседува фабричките згради преку семејната холдинг компанија „Иморок“.

Се споменуваат и фабричките простории и во Македонија, како основни средства кои не се опфатени со претстојната неликвидност и го отежнуваат преземањето.

„Останува возбудливо. Администраторите би можеле да почнат со работа по Велигден. Тогаш најдоцна ќе стане јасно дали понудата на Групацијата VDL (со Schmitz Cargobull) или на Групацијата Dumarey е онаа која ќе обезбеди континуирано постоење на традиционалниот белгиски бренд“, пишува овој медиум.

Инаку, Групацијата Dumarey, е белгиска семејна компанија специјализирана за решенија за погонски агрегати.

А, на 15 март годинава белгиски медиуми објавија дека белгиската компанија „Ван Хол“ ќе го запре производството на градски автобуси и ќе се преориентира само на автобуси за превоз на патници и приколки. Компанијата има потреба да се реструктуира поради промената на условите на пазарот.

Тогаш белгиските медиуми пишуваа дека во тоа преструктуирање 1.100 вработени од фабриката на „Ван Хол“ во Белгија ќе бидат отпуштени во наредните три години, до 2027, а производството на автобуси ќе се префрли речиси целосно во фабриката во Македонија, крај Скопје. Една од важните причини е што платата на вработените во овдешната фабрика на „Ван Хол“ е за околу три пати помала од онаа на белгиските работници, пишуваа повеќе белгиски медиуми и специјализираните веб страници за автобуски превози и производство на автобуси. 

Од компанијата изјавија дека нема целосно да престанат со производство на автобуси за градски превоз, туку дека ќе бидат поселективни при нарачките. Главната фабрика на „Ван Хол“ во Конингшоикт во Белгија ќе се фокусира на полуприколки кои бараат повисок степен на експертиза и нудат поголема додадена вредност за купувачот, а таму ќе остане и центарот за знаење, истражување и развој, наведоа оттаму.

И тогаш се споменуваше 31 март е поставен како краен рок за преструктуирањето, но се наведе дека за тоа се потребни 45 милиони евра. Новото раководство на компанијата помошта ја гледа во фламанската влада на регионот и банките. Без договор до 31 март може да се случи „Ван Хол“ да поднесе барање за стечај.

Причина за кризата во „Ван Хол“, наводно, е конкуренцијата од азиските групи или големи европски автомобилски групи.

Инаку, компанијата е присутна во Македонија повеќе од една деценија. Во јули 2012 година беше поставен камен-темелник кој го означи почетокот на изградбата на фабриката во ТИРЗ Скопје 2 во Бунарџик. 

Инаку, се досега, Ван Хол имаше постојано отворен повик за вработувања од разни професии во земјава. 

Ван Хол важеше за трет најголем извозник во Македонија меѓу странските инвеститори.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Обвинителство: Во водата за пиење во Гостивар пуштале фекалии од

20/07/2026
Македонија

Силно невреме во Делчево, ветерот носеше кровови – градоначалникот апелира

20/07/2026
Македонија

МРТ отвори „војна“ со Арена Спорт: Дали се исполнети законските

20/07/2026
Македонија

Прилепчанец со 1,81 промили пијан возел камион со дигалка широка

20/07/2026
Македонија

Синови со девојките претепале мајка и нејзин партнер во Скопје,

20/07/2026
Македонија

Дизелот поскапува за 6, а бензините за 3 денари –

20/07/2026
Македонија

ВИДЕО Само дваесетина на протестот во Гостивар по труењето на

20/07/2026
Македонија

ЛИМАНИ БАРА ОДГОВОРНОСТ ЗА ВОДАТА ВО ГОСТИВАР: „Секој пропуст мора

20/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44505
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Обвинителство: Во водата за пиење во Гостивар пуштале фекалии од канал преку пумпи!

20/07/2026

Основното јавно обвинителство Гостивар вечерва донесе официјална Наредба за спроведување истражна постапка против три одговорни лица од ЈП „Комуналец“ –

Силно невреме во Делчево, ветерот носеше кровови – градоначалникот апелира да не се излегува без

20/07/2026

Силно невреме следено со обилни поројни врнежи од дожд и разорни налети на ветер денеска попладне предизвика сериозни материјални штети

МРТ отвори „војна“ со Арена Спорт: Дали се исполнети законските услови за работа?

20/07/2026

Македонската радиотелевизија (МРТ) излезе со официјална реакција по бранот обвинувања и реакции во јавноста од страна на гледачите за серијата

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy