Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ Предупредуваат на опасност од одлив на обвинителскиот кадар
Македонија

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ Предупредуваат на опасност од одлив на обвинителскиот кадар

20/10/2026

AA

Советот на јавните обвинители, Јавното обвинителство и Здружението на јавните обвинители бараат од Уставниот суд итно да ги стави на дневен ред и да ги разгледа поднесените иницијативи за оценување на уставноста на измените на Законот за платите на јавните обвинители, како и Законот за платите на членовите на Советот на јавните обвинители, со кои по третпат беа намалени коефициентите за пресметка на платите на обвинителите.

„Со одлука на Извршниот одбор на Здружението на јавните обвинители се изразува сериозна загриженост заради непостапувањето на Уставниот суд по поднесените иницијативи, со што не само што се доведува во прашање самостојноста на Јавното обвинителство и принципите на владеење на правото, туку и се создава сериозен диспаритет помеѓу судската и јавнообвинителската функција, што е во спротивност со европските и меѓународните стандарди“, соопшти Здружението на јавните обвинители.

За јавнообвинителската фела нема никакво двоумење во поглед на оправданоста на поднесените иницијативи, се додава во соопштението.

„Уште повеќе што и самиот Уставен суд во своето решение со кое одлучил да поведе постапка за оценка на уставноста и законитоста на овие законски решенија навел дека: …Неспорно е дека уредувањето на платите е законска материја и законодавецот има право да ја уредува висината на платите на јавните обвинители и членовите на Советот на јавни обвинители, но Судот изрази сомнеж дека законодавецот со намалувањето на коефициентите за пресметување на платите на јавните обвинители и членовите на Советот на јавните обвинители навлегол во уставно загарантираната независност и самостојност на Јавното обвинителство, а го доведува во прашање и остварувањето на правото на вработените на соодветна заработувачка од член 32 став 3 од Уставот, коешто произлегува од нивниот статус и создава обврска за државата преку законското уредување да обезбеди правен основ за негово остварување…”, посочуваат обвинителите во соопштението.

Со оглед на вака заземениот став на Уставниот суд, за јавните обвинители е несфатливо секое одлагање на одлуката или доведување во прашање на принципите на независност и самостојност во постапувањето на јавното обвинителство, за кои Уставниот суд веќе се произнел и ги потврдил како неспорни, се додава во соопштението.

„Ставовите кои ги оспоруваат овие принципи се опасен преседан, кој не само што е спротивен на европските стандарди за владеење на правото, туку и се заканува да предизвика сериозен одлив на јавнообвинителски кадар и со тоа да го загрози нормалното извршување на јавнообвинителската функција“, соопштија обвинителите.

Дополнително, потенцираме дека платите на јавните обвинители во државава и натаму се компаративно најниски од сите останати земји во регионот, се додава во соопштението.

„Сите овие состојби, придружени и со хроничниот недостаток на јавнообвинителска служба, буџет и основни услови за работа, создаваат апсолутно неодржлива ситуација која се заканува да го загрози функционирањето на обвинителството, а со тоа да се одрази директно врз остварувањето на правата и заштитата на граѓаните. Очекуваме оваа состојба да биде нотирана и во претстојниот извештај на Европската комисија за земјава, како значително назадување и дополнително загрозување на самостојноста на Јавното обвинителство. Затоа бараме од Уставниот суд, по повеќе од 8 месеци од поднесувањето, да покаже слух за аргументите искажани во доставените иницијативи, кои се поткрепени и со компративни анализи од земјите во регионот и Европа, со што ќе ја исправи неправдата која му се нанесува на Јавното обвинителство како еден од клучните столбови на правната држава“, соопшти Здружението на јавните обвинители.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ОБВИНИТЕЛИТЕ БАРААТ УСТАВНИОТ СУД ИТНО ДА ОДЛУЧИ ЗА НИВНИТЕ ПЛАТИ

20/10/2026
Македонија

📽️ ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 65.000 ЕВРА СКРИЕН ВО ПЕРНИЦА ЗА

20/10/2026
Македонија

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“

20/10/2026
Македонија

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ ТРЕБА ДА ДАВА ОСТАВКА На ВМРО-ДПМНЕ му

20/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ

19/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому

19/10/2026
Македонија

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН!

19/10/2026
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ПРЕГОВАРА СО ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРЕДИТОР ЗА БРЗАТА ПРУГА Николоски

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46275
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

📽️ ЗЛАТЕН НАКИТ ВРЕДЕН 65.000 ЕВРА СКРИЕН ВО ПЕРНИЦА ЗА ВРАТ Тетовец се обидел да

20/10/2026

Царински службеници на граничниот премин Богородица откриле и заплениле златен накит вреден околу 4 милиони денари или околу 65.000 евра,

МИНИСТЕРОТ КЛЕКОВСКИ СЕ СРЕТНА СО ПОВРЕДЕНИТЕ ВО ПОЖАРОТ ВО „ПУЛС“ Прилагодена грижа за секој пациент

20/10/2026

Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа се сретна со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и разговарале за

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ НЕ ТРЕБА ДА ДАВА ОСТАВКА На ВМРО-ДПМНЕ му одговара тој да го води

20/10/2026

ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи во Брвеница со предност околу 800 гласа во однос на кандидатот на ДУИ, а во однос на

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy