Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Народната банка постојано ги зајакнува капацитетите за откривање фалсификувани пари
Македонија

Народната банка постојано ги зајакнува капацитетите за откривање фалсификувани пари

16/01/2024

AA

Во текот на изминатата 2023 година, експертите од Народната банка за брзо воочување на сомнителните примероци на пари во оптек обучија над 200 вработени од деловните банки и центрите за готовина, но и вработени во институциите во системот за справување со фалсификувањето пари. Најважната алка во синџирот на справување со фалсификувањето на парите се лицата коишто вршејќи ја својата професионална дејност, секојдневно доаѓаат во контакт со книжни и ковани пари и се првата бариера во заштитата на интегритетот на парите. Оттука, со зајакнувањето на капацитетите на сите засегнати ракувачи со готовина се обезбедува брзо воочување на сомнителните примероци, нивно отстранување од оптек и доставување во Народната банка.

Низ годините, експертите од Народната банка организираат редовни задолжителни обуки за запознавање со заштитните елементи на домашните и на странските валути, за вработените во финансиските институции, односно во банките и центрите за готовина. Зајакнувајќи ги капацитетите на институциите, како препорака од твининг-проектот „Јакнење на капацитетите на системот за борба против фалсификување евра“, Народната банка ги прошири обуките опфаќајќи и претставници од институциите вклучени во системот за справување со фалсификување пари, односно од Министерството за внатрешни работи, Царинската управа, Јавното обвинителство и од Финансиската полиција.

Како единствена овластена институција за утврдување на автентичноста на книжните и кованите пари деноминирани во денари и во странски валути, централната банка врши и  експертска анализа и обезбедува соодветна поддршка во процесот на справување со фалсификатите. Во изминатиов период, засилено се вршеше и навремена размена на податоци со националните и меѓународните институции за спроведување техничка анализа и откривање фалсификувани пари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и

28/09/2026
Македонија

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема

28/09/2026
Македонија

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели

28/09/2026
Македонија

ШЕСТ ЛИЦА УАПСЕНИ ПОД СОМНЕНИЕ ЗА ТЕРОРИЗАМ Неофицијално пронајдени снајперски

28/09/2026
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45856
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

РАДИЧЕВСКИ НАЈАВИ НОВИ ПРОЕКТИ ВО БРВЕНИЦА Од локални патишта и водоснабдување до дигитални услуги

28/09/2026

На вечерашниот митинг во Општина Брвеница, во рамките на предвремените локални избори, под слоганот „Една Брвеница за сите! Да ја

УТРИНСКИ МРАЗ ВО БЕРОВО, ЛЕТНИ 26 СТЕПЕНИ ВО ГЕВГЕЛИЈА Голема температурна разлика низ земјава

28/09/2026

Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во поголемиот дел од земјава, а во југоисточните делови ќе има услови

СДСМ СЕ ПРОТИВ ВЛАДАТА, ПРОТИВ ИНВЕСТИЦИИТЕ, ПРОТИВ СÈ Мицкоски вели дека тие се само за

28/09/2026

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски вечерва на митингот на партијата во Брвеница ја обвини СДСМ дека се противи

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy