Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Формирана првата јавно-приватна компанија за интернет обложување во Македонија
Економија

Формирана првата јавно-приватна компанија за интернет обложување во Македонија

16/01/2024

AA

Државна лотарија и 77 Битс БСЦ, компанија чиј дел неодамна е превземен од бугарската „Телематик“, ја регистрираа првата јавно-приватна компанија за приредување на интернет игри на среќа.

Компанијата за онлајн обложување ќе го носи името „Државна лотарија – 77 Битс Битола“, а регистрирана е на 9 јануари. Вкупната основна главнина е нешто повеќе од 3 милиони евра.

За управител е назначена Марина Милошевска, а членови на Надзорниот одбор се Пеце Коруновски, претседателот Пеце Трајковски, Перпарим Бајрами, инаку актуелен директор на Државна лотарија, а понатаму уште и Мајљинда Рамадани и Нафитула Елмазовски.

Најголемата бугарска компанија за онлајн обложување Телематик Интерактив Бугарија на 14 декември ја извести бугарската берза дека ќе приредува онлајн обложување во Македонија преку потпишан договор со АД Државна лотарија за заедничко трговско друштво. Оваа информација беше објавена на бугарската берза.

„Ве известуваме дека компанијата 77 БИТС БСЦ ДОО Битола (друштво со ограничена одговорност), регистрирано според законодавството на Република Северна Македонија, во која „Телематик интерактивна Бугарија“ АД поседува 50 проценти од капиталот, доби тендер за добивање право на извршување онлајн обложувачка активност организирана од Државна лотарија на Република Северна Македонија.

Во согласност со барањата на локалното законодавство, помеѓу 77 БИТС БСЦ ДОО Битола и Акционерското друштво за приредување игри на среќа АД – Скопје, беше потпишан договор според кој двете страни ќе основаат трговско друштво, кое ќе врши онлајн обложувачки активности во Република Северна Македонија“, соопшти „Телематик“ во својата информација до берзата.

АД Државна лотарија пред девет месеци регистрираше уште една компанија, во која овој пат косопственик е австрискиот гигант за приредување игри на среќа ХТЛ.

„ХТЛ Македонија“ е фирма-ќерка на Новоматик и ги поседува Мастербет и МА Гаминг во земјата. Новоматик директно го поседува гевгелиското казино коцкарница Макотен. Новата фирма на АД Државна лотарија и „ХТЛ Македонија“ се вика Нова државна видео лотарија – Ново ВЛТ Доо Скопје

Државна лотарија веќе одамна има заедничка компанија со Касинос Аустрија.

А.К.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44972
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy