Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Левичарски пиромани: Ја запалиле викендицата на директорот на германски „Рајнметал“ поради испраќање оружје во Украина
Македонија

Левичарски пиромани: Ја запалиле викендицата на директорот на германски „Рајнметал“ поради испраќање оружје во Украина

02/05/2024

AA

Изгоре колибата на Армин Пејпергер, директорот на „Рајнметал“, една од најголемите германски компании за производство на оружје, а одговорноста за испораката на оружје во Украина ја презедоа екстремни левичари!

Како што пренесува Bild.de, викендицата лоцирана во Хермансбург во Долна Саксонија била изгорена ноќта меѓу 28 и 29 април.

Група екстремни левичари ја презеде одговорноста за подметнувањето на пожарот испраќајќи писмо до платформата „Индимедија“.

„Рајнметал е една од компаниите која ја користи таканаречената точка на превртување и складира стари типови тенкови кои сака да и ги продаде на Украина заедно со муниција за да оствари профит. Рајнметал планира, произведува и врши убиства на национално ниво“, се наведува меѓу другото во писмото на левичарот.

Писмото завршува со пораката „Слобода за Данијела“, која најверојатно се однесува на Данијела Клете, членка на фракцијата на Црвената армија, позната и како групата Бадер-Мајнхоф, која е во затвор. Таа е една од највлијателните левичарски, западногермански милитантни организации, која дејствувала како урбана герила од 1970 до 1993 година.

„Сила и среќа на сите оние кои се борат за радикалната левица и кои вршат напади врз воените структури“, се вели на крајот од пораката.

Полицијата започнала истрага и се проверува автентичноста на пораката. Од почетокот на руската инвазија на Украина, компанијата „Рајнметал“ до Киев испорача тенкови од типот „леопард“ и најмалку 20 оклопни возила од типот Мардер.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АПЕЛАЦИЈА МУ ОДРЕДИ НА ЗЕЌИРИ ЕДНА ГОДИНА И СЕДУМ МЕСЕЦИ

19/10/2026
Македонија

БУГАРИЈА ПРАВИ СЛУЧАЈ ОД ИВА МИХАИЛОВА ЗА ПРЕДИЗБОРНИ ЦЕЛИ Некому

19/10/2026
Македонија

КОГА ЌЕ ГИ ЗАВРШИМЕ КОРИДОРИТЕ, ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА Е ГАРАНТИРАН!

19/10/2026
Македонија

ИНТЕНЗИВНО СЕ ПРЕГОВАРА СО ПОТЕНЦИЈАЛЕН КРЕДИТОР ЗА БРЗАТА ПРУГА Николоски

19/10/2026
Македонија

ЈА СИЛУВАЛ СОПРУГАТА, ЈА ИСТЕПАЛ ЌЕРКАТА Пријавен случај на тешко

19/10/2026
Македонија

РАДИЧЕВСКИ ОД ВМРО-ДПМНЕ ПРВ СО 2.945 ГЛАСА, ВТОР ЈАХИЈ ОД

19/10/2026
Македонија

„ИЛИ ЦЕЛ ПРАВОСУДЕН ИСПИТ ДА СЕ ПОЛАГА НА АЛБАНСКИ, ИЛИ

19/10/2026
Македонија

ОБЈЕКТОТ НА „ПУЛС“ ИМАЛ ТРИ ВЛЕЗОВИ И ИЗЛЕЗИ, НО НЕ

19/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46271
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy