Почина таткото на македонскиот пејач Тоше Проески
Почина Никола Проески – татко на македонскиот пејач Тоше Проески.
Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора.
Во кратка порака напиша „Светол патот, татко мој“.
Инаку, Тоше Проески загина пред 16 години во сообраќајна несреќа во Хрватска на местото викано Нова Градишка.