Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ – прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите
Економија

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ – прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

02/05/2024

AA

Откако лани оствари одличен профит, односно двојно повисок од претходните години, редно е „Витаминка“ да подели и дивиденда за своите акционери. 

Од компанијата велат дека тоа се случува после три години во кои остварените добивки се користеле за други намени, односно за резерви и за инвестициски вложувања.

На 31 мај оваа година ќе се одржи Собрание на акционери, на кое ќе се одлучува за распределба на добивката за минатата година, а еден од предлозите кој ќе се најде како точка на дневен ред, е и тпој дел од ланскиот профит да се употреби за дивиденди на акционерите. 

Притоа, остварената добивка од редовно
работење по оданочување во „Витаминка“ лани изнесуваше 1,1 милиони евра. 

Намерите се дел од добивката да оди за инвестиции, односно како реинвестирана добивка, и тоа сума од 631 илјади евра, додека, пак, како износ на бруто дивиденда се предвидува да се наменат 483 илјади евра.

Според Законот за трговските друштва:
„Акционерите имаат право на учество во добивката, освен ако, според одлуката на
собранието за употреба на добивката, донесена врз основа на закон или на
статутот, добивката е изоставена од распределбата меѓу акционерите“.

Овој закон исто така предвидува дека Собранието одлучува за распоредување на добивката, и тоа за износот од добивката за покривање на
загубата од минати години (доколку таква има), за износите коишто се внесуваат
во законските и во статутарните резерви на друштвото, за износот којшто се
исплатува во вид на дивиденда, за дополнителните издатоци врз основа на
одлуката, за евентуалниот пренос на добивката во наредната година
(акумулираната добивка), како и за износот на добивката со којшто ќе се изврши
зголемување на основната главнина на друштвото и износот од добивката за
инвестиции.

Од компанијата велат дека во претходните три години распределувале средства за инвестиции, со цел да се модернизира производството. 

„Може да се констатира дека друштвото оствари позитивни
финансиски резултати, иако станува збор за кризни години на работење.
Претходните три години, друштвото распределуваше средства за резерви за
инвестиционо вложување поради зголемениот обем на инвестиции и модернизирање на
техничко-технолошките процеси“, се вели во образложението на компанијата. 

Во „Витаминка“ најголем акционер е Симон Наумовски, кој поседува 29,48 отсто од капиталот на прилепсклата фабрика, и кој сразмернол на своето проценуално учество во капиталот на компанијата, ќе добие над 142 и пол илјади евра. 

Втор по големуина акционер е неговиот син Сашо Наумовски, кој поседува 7,03 отсто и кој сразмерно би требало да добие 55 илјади евра, додека, пак, Кирил Божиноски, кој поседува 6,04 отсто, ќе добие 29 илјади евра. 

Други акционери во компанијата се Стеван Игнатоски, со 5,98 отсто од акциите, Марика Наумоска со 5,21 отсто, а Наташа Стојкоска има 5,12 проценти од акционерскиот капитал на компанијата. 

Покрај нив, има и 184 домнашни физички лица кои поседуваат извесен процент акции.

Инаку, Фактор објави како настана двојно зголемената добивка на Витаминка. 

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети

11/10/2026
Македонија

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу

11/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на

11/10/2026
Македонија

ШЕСТМИНА ПОЛИЦАЈЦИ СУСПЕНДИРАНИ ПОРАДИ НАСИЛСТВО ВРЗ ДВАЈЦА АЛБАНЦИ Ќе одговараат

11/10/2026
Македонија

НА 11 ОКТОМВРИ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ЗАСТАНА НА ВИСТИНСКАТА СТРАНА Николоски

11/10/2026
Македонија

ВОЗАЧ ОД БОСНА ШИБАЛ СО 164 НА ЧАС НА ПАТОТ

11/10/2026
Македонија

11 ОКТОМВРИ НЕКА НЀ ПОТСЕТУВА ДА ЈА ЧУВАМЕ СЛОБОДАТА Честитка

11/10/2026
Македонија

ПУКНА ПРВАТА СДСМОВСКА ПУШКА ВО ПРИЛЕП Филипчевци маршираа на Денот

11/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46110
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДИМИТРИЕВСКИ ГИ ПОВИКА ГРАЃАНИТЕ ДА ЈА ОДБЛОКИРААТ ДЕПОНИЈАТА КРАСТА Вети дека ќе работи на нејзино

11/10/2026

Градоначалникот на Куманово Максим Димитриевски ги повика граѓаните што ја блокираат депонијата Краста да се повлечат и да дозволат јавното

ОХРИЃАНЕЦ ЗАГИНА, МУ СЕ ПРЕВРТЕЛО КАНУТО Го нашле на околу 200 метри од брегот

11/10/2026

Охриѓанец загина откако неговото кану се превртело во езерото, соопшти полицијата. Попладнето на 10.10.2026 во полиција било пријавено дека во

МАКЕДОНИЈА САКА ЕВРОПСКА ИДНИНА СО ИСПРАВЕНА ГЛАВА Мицкоски повика на национално единство околу големите стратешки

11/10/2026

Македонија е поголема од секоја политичка генерација! Државата е поголема приказна од сите кусогледни и лични интереси. Татковината се брани

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy