Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КОНФЕКЦИЈАТА „ЕДИНСТВО“ ОД СТРУМИЦА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО – кој добива удели од ДОО на Сашко Кузманов?
Економија

КОНФЕКЦИЈАТА „ЕДИНСТВО“ ОД СТРУМИЦА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА БИДЕ АКЦИОНЕРСКО ДРУШТВО – кој добива удели од ДОО на Сашко Кузманов?

16/01/2024

AA

Додека некои помали приватни компании сакаат да се отворат кон јавноста и
да станат акционерски друштва, има и спротивни процеси, кога акционерските
друштва сакаат да станат друштва со ограничена одговорност.

Таков е примерот на приватната фирма за конфекција и трикотажа „Единство“
од Струмица, на чие акционерско собрание одржано пред неколку дена се донела
одлука за преобразба на „Единство“ од Струмица од акционерско друштво во
друштво со ограничена одговорност.

Според состојбата од Централниот депозитар за хартии од вредност, во
досегашното акционерско друштво „Единство“ од Струмица имало вкупно 61
акционер, но еден од нив, Сашко Кузмановски, е доминантен, и го поседува
најголемиот пакет акции од 80,86 проценти.

Останатите 60 акционери, пак, досега располагале со 40.397 акции, што
претставува 19,14 отсто од вкупниот акционерски пакет акции на компанијата.

Со преобразбата за која сега е донесена одлука, оние досегашни акционери
коишто ќе сакаат да останат како косопственици на компанијата, но сега како
содружници, а не како акционери, ќе треба да преземат удел од досегашното АД, а
сега друштво со ограничена одговорност.  

„Акционерите
кои ќе ce согласат да учествуваат како содружници во преобразеното друштво ќе
бидат дефинирани по дадените изјави на акционерите за превземање на удел, согласно член 513 од Законот за трговски друштва“, се вели во одлуката која
била донесена на Собранието на акционери.

Преобразбата ќе се изврши со оваа Одлука, како и со Договор
на друштво, кој
ќе биде склучен од содружниците кои ќе дадат изјави за превземање на удел, а што е во согласност со законот.

Друштво со ограничена
одговорност, инаку, ќе продолжи да
работи како правно лице, и со
истото седиште во Струмица. Фирмата на Друштвото во коешто се
преобразува ќе гласи „Конфекција
и трикотажа Единстство ДОО
Струмица“.

Co Конфекција и трикотажа
ЕДИНСТВО ДОО Струмица, ќе управува управител како лице овластено за застапување
и орган на управување според Договорот на Друштвото. Составот и организацијата
на органот на управување и надзор над работењето на Друштвото подетално ќе биде
уреден со Договорот за друштвото.

Генералниот директор на
Друштвото бил задолжен да
објави јавен повик во најмалку еден дневен весник во кој се повикани акционерите кои не
присуствувале на Собранието да дадат изјави дали се согласуваат да преземат
удели во Друштвото што ќе настане со преобразбата. По уписот на преобразбата во
трговскиот регистар, Управителот стекнатиот удел во преобразеното Друштво и
удели ги запишува во Книгата на удели на Друштвото. Управителот во рок од осум дена од денот на уписот на преобразбата
во трговскиот регистар ќе треба и да
му даде налог на Централниот Депозитар за хартии од вредност да ја затвори
акционерската книга.

На Собранието на акционери се прифатил и Извештајот за причините зошто се
оди на една ваква преобразба, како и за правните и деловните прашања што ќе
произлезат од еден ваков акт, но тие не се јавно обзнанети за инвеститорската
јавност.

А пред неколку дена, токму поради оваа донесена одлука за преобразба,
Берзата одлучи да го стави Единство Струмица на нивната Листа на набљудување.

„Внесување
на друштвото Единство Струмица на Листата за набљудување е со цел за
обрнување на внимание на инвеститорската јавност поради објавена одлука за
преобразба на Единство АД Струмица од АД во ДОО, донесена од Собрание
на акционери на друштвото“, се вели во
информацијата од Берзата.

Фактор, пак, во јули објави дека во струмичката компанија „Единство“ се најавуваше понуда за преземање од Сашко Кузманов, кој би се јавил како преземач, а понудата тој планираше да ја достави откако за тоа дозвола ќе даде Комисијата за хартии од вредност.

„Ви ја доставувам намерата за преземање на целното друштво АД Струмица“, се обрати  Кузманов до сите акционери на компанијата.

Што треба да знаеме за оваа компанија?

Тогаш Сашко Кузманов беше најголем но не и управувачки акционер во компанијата, односно тој поседуваше 42,66 отсто од „Единство Струмица“. Додека, пак, во компанијата имаше уште еден акционер кој поседува над 5 отсто од акциите, а тоа е Иљо Кузманов, кој располагаше со 38,2 процентии од акциите на оваа струмичка компанија. Најверојатно тој му ги продал акциите на Кузмановски, така што тој сега поседува близу 81 процент од акциите.

Н.Н.Ф. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА 27 НОЕМВРИ КОРАБОСКИ ЌЕ СЕДНЕ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА Обвинет

17/11/2026
Македонија

НАЈМЛАДАТА ПАЦИЕНТКА СО РАК НА ГРЛО НА МАТКА ИМА 18

17/11/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО РАДИОВЦЕ ПО ДОЈАВАТА ЗА БОМБА ВО ТЕТОВСКО Приведен

17/11/2026
Македонија

ДА НЕ БИДЕ УШТЕ ЕДНА ИЗМЕНА ЗАРАДИ ИЗМЕНА Македонија бара

17/11/2026
Македонија

ФАТЕН СО 500 ЕВРА ПОТКУП, ПРИВЕДЕН РАКОВОДИТЕЛ ВО ДЗС Парите

17/11/2026
Македонија

СТУДЕНТСКИОТ ДОМ „КУЗМАН ЈОСИФОВСКИ – ПИТУ“ ЌЕ БИДЕ ОТВОРЕН ВО

17/11/2026
Македонија

КРИМИНАЛНИ СТРУКТУРИ ОД МАКЕДОНИЈА БИЛЕ ЛОГИСТИКА ЗА АТЕНТАТ ВО ГРЦИЈА

17/11/2026
Македонија

ПРИТВОР ДО 30 ДЕНА ЗА КРИСТИЈАН КОРАБОСКИ ПО НАПАДОТ ВРЗ

17/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46809
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА 27 НОЕМВРИ КОРАБОСКИ ЌЕ СЕДНЕ НА ОБВИНИТЕЛНА КЛУПА Обвинет е за три кривични дела

17/11/2026

Судењето против 31-годишниот Кристијан Корабоски, обвинет за нападот врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска од Охрид, треба да започне на 27 ноември.

НАЈМЛАДАТА ПАЦИЕНТКА СО РАК НА ГРЛО НА МАТКА ИМА 18 ГОДИНИ Вакцината против ХПВ е

17/11/2026

Хуманиот папилома вирус (ХПВ) може со години да биде присутен во организмот без никакви симптоми, а долготрајната инфекција со високоризични

ПРЕТРЕС ВО РАДИОВЦЕ ПО ДОЈАВАТА ЗА БОМБА ВО ТЕТОВСКО Приведен 18-годишник, одземен му е мобилен

17/11/2026

Осумнаесетгодишник од тетовското село Радиовце е приведен под сомнение дека испратил лажна дојава за поставена бомба во гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy