Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Кои се најголемите тендерџии во 2023 година? Набавија стоки и услуги за 217 милиони евра!
Економија

Кои се најголемите тендерџии во 2023 година? Набавија стоки и услуги за 217 милиони евра!

16/01/2024

AA

Градба на нови градинки, амбуланти, складишта и објекти за сместување со три слободни економски зони. Ископ на јаглен и јаловина во РЕК Битола, надзор за градба за градба на коридорите 8 и 10, право за користење лиценциран софтвер се тендерите од кои секој вреди од 25 до 29 милиони евра

Државни фирми, агенции, миистерства и инстиуции секогаш се генератори на големите економски импулси кои како капка вода во суша ги чека македонската приватна иницијатива. Како помина 2023 година?

„Фактор“ направи анализа на 30 најголеми тендери во претходната година, а сите детали се достапни на следниот линк https://time.mk/javni/?start_datum=01/01/2023&end_datum=31/12/2023&page=1

Најголем меѓу најголемите лани е Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). И очекувано е да е така. Со оглед на тоа што започна контроверзниот проект кој ги демолираше Уставот и сите други закони, а се вика автопати на коридорите 8 и 10. За надзор ЈПДП ќе плати 26,4 милиони евра на овие два коридори. Другите пет тендери (помеѓу најголемите 30 јавни набавки лани) на ова претпријатие се: изградбата на тетовската обиколница, рехабилитација на патот Охрид – Свети Наум, комплетирање на автопатот ГП Блаце – Скопје што во јавноста е синоним за бавна работа која трае подолго од три години за 10 километри, поправка и рехабилитација на државни патишта и набавка на електрична енергија за осветлување на клучките на патиштата.

Очекувано втор според вредноста на набавки е енергетскиот холдинг ЕВН Македонија. Меѓу 30 најголеми тендери шест се на ЕВН, а нивната вредност е 48 милиони евра. Меѓу тие шест тендери најголем е тој за физичко и техничко обезбедување на постројките на ЕВН (трафостаници) вреден 10 милиони евра.

Следна на листата е најголемата енергетска компанија – државниот производител на струја ЕСМ. Меѓу најголемите има 3 тендери во вредност од 41 милиони евра. Трите се поврзани со РЕК Битола. Најголемиот меѓу нив е за ископ на јаловина и е вреден 25 милиони евра.

Следна на листата е Дирекцијата за технички и развојни зони. Тие имаат голем градежна офанзива во три зони и за градба на нови објекти за сместување, амбуланти, детски градинки и складишта со паркинзи во Скопје, Штип и Прилеп ќе платат 29 милиони евра. Тоа воедно е и најголемиот поединечен тендер во 2023 година. Имаат уште една набавка од 5,7 милиони евра која е за нивелирање на парцели во ТИРЗ Штип.

Министерството за здравство учествува со три набавки во најголемите 30 тендери меѓу нив најголем е тендерот за набавка на инсулин и глукагон вреден над 16 милиони евра.

Владата преку Генералниот секретаријат има еден, но вреден, тендер меѓу 30 најголеми. Софтверските лиценци ќе чинат 24,7 милиони евра.

И седми на листата е МВР. И во оваа конкуренција се пласира благодарение на две набавки за исхрана на питомци и полицајци. Двата тендери се во вредност од 12,4 милиони евра.

На страната на добитниците меѓу првите пет се две битолски компании: Стентон градба која ја доби работатата од ДТИРЗ за 29 милиони евра и Марковски компани која од РЕК Битола ќе добие до 25 милиони евра. Меѓу најголемите пет добитници е и македонската канцеларија на Аитоникс преку која оди набавката на софтверските лиценци за Владата. Во најголемите пет е и тендерот за инсулин чиј добитник е Феникс фарма, а вреден е 16,7 милиони евра. 

Р.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски

28/09/2026
Македонија

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16

28/09/2026
Македонија

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ

28/09/2026
Македонија

ИЗЛЕТАЛ СО КАМИОН ОД ПАТОТ И ЗАГИНАЛ Тешка сообраќајна несреќа

28/09/2026
Македонија

ТЕЛЕКОМ СВИКА РОДИТЕЛСКА СРЕДБА Темата беше заштита од врсничко насилство

28/09/2026
Македонија

ЈАВНОСТА СВЕДОЧИ НА РАСПАД ВО ЖИВО НА СДСМ Владејачката ВМРО-ДПМНЕ

28/09/2026
Македонија

ДРЖАВАТА ГИ СЛУШНА ЛИЦАТА СО ОШТЕТЕН СЛУХ Изработи прирачник за

28/09/2026
Македонија

ПОЧИНА 70-ГОДИШЕН МАЖ ОД АЕРОДРОМ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА Десетта жртва

28/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45852
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

САКАМЕ РЕШЕНИЕ СО БУГАРИЈА, НО МОРА ДА ИМА ПРЕДВИДЛИВОСТ Муцунски со порака до Софија и

28/09/2026

Сакаме да најдеме решение за проблемот со Бугарија што ќе ни обезбеди предвидливост на процесот на евроинтеграција. Има желба од

📽️ ГЛИНЕНИ ГУЛАБИ ОД МАКЕДОНИЈА ЗА СРПСКОТО ПОДЗЕМЈЕ Најмалку 16 млади Македонци заминале во Србија,

28/09/2026

Најмалку 16 млади момчиња од Македонија досега биле идентификувани како лица кои заминале во Србија и биле вовлечени во активности

СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ПРИЗНА ДВЕ УБИСТВА, ЗА ДВЕ ДАВАШЕ РАЗЛИЧНИ ОДГОВОРИ Вештакот тврди

28/09/2026

Во Основниот суд Куманово, денеска продолжи судењето против Трајче Бојковски, од општина Старо Нагричане, обвинет за четири убиства на жени

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy