Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Започна поделбата на јуници, 164 од вкупно 496 јуници се поделени кај фармери низ цела Македонија
Македонија

Започна поделбата на јуници, 164 од вкупно 496 јуници се поделени кај фармери низ цела Македонија

14/03/2023

AA

Инвестицијата која беше најавена уште минатата година по повод 70 години Бимилк, започна со реализација веќе од февруари месец. Пристигнаа 164 од вкупно 496 јуници набавени од Битолска млекара и наменети за  фармерите кооперанти на млекарата. Од нив, 98 се доставени до фармерите претходно, а уште 66 ќе бидат доставени денеска. Набавката на новите молзни грла е дел од инвестицијата од Бимилк во вредност од 1.2 милиони евра што компанијата ја прави заедно со своите кооперанти како поддршка на нивната одржливост. Целата инвестиција опфаќа набавка и поделба на 496 стелни јуници, 238 од расата Холштајн – Фризијан и 258 од расата Симентал – Флеквиe. Бимилк учествува со субвенционирање на најголем дел од вредноста на грлата, а за остатокот овозможува бескаматен кредит со рок на отплата од 5 години.

„Ова е исклучително корисен и потребен чекор, посебно во овие времиња кога зголемувањето и стандардизирањето на примарното млекопроизводство овозможува одржливост на целата млечна индустрија. Исто така е влог во идниот развој на млечната индустрија во земјава, затоа што освен зголемената продуктивност, уште внесува квалитетен генетски материјал  за постоечките грла. Со оваа инвестиција ја продолжуваме нашата поддршка за фармерите – примарните млекопроизводители и нашиот придонес кон снабденоста со млеко и млечни производи на домашниот пазар“, истакнува генералниот директор на Млекара АД Битола Ѓорги Петрушев.

Станува збор за високо стелни јуници по потекло од Унгарија и Чешка од расите Холштајн – Фризијан и Симентал – Флеквиe, чија генетска продуктивност на годишно ниво се движи од 6 000 до 8 000  литри млеко, што претставува значајно отскокнување од сегашниот принос на млеко.

Преостанатите јуници ќе бидат распределени дополнително на фармери кооперанти од сите региони во државата.

Инвестицијата на Битолска млекара во снабдување со стелни јуници за македонските фармери е само продолжување на посветеноста на компанијата кон зајакнување на одржливоста на млечната индустрија во земјава преку модернизација и зголемување на капацитетите и продуктивноста на примарните млекопроизводители. Само изминатиот период Битолска млекара за своите фармери донираше лактофризери како дел од двата роботи за измолзување, со што значајно се зголемува продуктивноста и квалитетот на млекото. Поддршката од Битолска млекара освен во современа опрема и технологија доаѓа и во форма на едукација на фармерите, поддршка при набавка на сточна храна, механизација и опрема, како и иницирање стимулативни мерки за развој на сточарството.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
Македонија

ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници,

25/09/2026
Македонија

68-ГОДИШНИК ПРИВЕДЕН ПО ПОЖАРОТ ВО РАДОВИШКО Полицијата вели дека го

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СРЕДНИОТ КОРИДОР Е УШТЕ

25/09/2026
Македонија

КОРИДОРОТ 8 Е МНОГУ ВАЖЕН, НО СПОРО СЕ ГРАДИ Вигенин

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45799
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да издаде позитивен записник

25/09/2026

  Во полициска акција во Скопје, неофицијално, е приведена инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека ја злоупотребила

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон дер Лајен ќе направи револуција

25/09/2026

Европската Унија се подготвува за досега најрадикалната реформа на својата политика за проширување, со цел да го откочи процесот за

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на нива кај Ораовица

25/09/2026

77-годишен жител на Радовиш починал на нива во атарот на радовишкото село Ораовица, откако врз него паднала гранка од топола

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy