ВНУКОТ НА РУСКОСКА НЕМА КРЕДИБИЛИТЕТ ДА ЗБОРУВА ЗА ФФМ Стигнал до партиска функција благодарение на семејството
Внукот на поранешната обвинителка Вилма Русковска, Герасим Лазов, се најде на удар на ВМРО-ДПМНЕ откако јавно ги критикувал состојбите во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).
Владејачката партија го обвини претседавачот со Централниот одбор на СДСМ дека до партиска функција стигнал благодарение на семејните врски и дека нема основа да дели лекции за состојбите во фудбалот.
„Внукот на контроверзната Вилма Русковска, поранешна јавна обвинителка, која определен период беше и шеф на обвинителството за гонење на организиран криминал, се јави да зборува за состојби во Фудбалскиот сојуз на Македонија“, се наведува во партиското соопштение.
Од ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека Лазов досега не се истакнал со политички резултати, туку со критики за состојбите во државата.
„Станува збор за претседавачот со Централниот одбор на СДСМ, Герасим Лазов, до сега познат како личност која само знае да седи и да праќа пораки колку сè не чини во државава“, наведуваат од партијата.
Владејачката партија директно го поврзува неговиот политички ангажман со роднинската врска со поранешната обвинителка.
„Лазов е човек кој добил функција поради тоа што е нечие внуче, затоа не може да коментира паушално“, се вели во соопштението.
Според ВМРО-ДПМНЕ, наместо да ги критикува состојбите во ФФМ, Лазов треба да се осврне на начинот на кој се распределуваат функциите и средствата во СДСМ.
„Сега му текна на Лазов да се јави и да критикува за ФФМ, а не гледа кога станува збор за СДС кој со кого е поврзан, како стигнува до функција, како делат функции и пари“, обвинува партијата.
Во соопштението се упатуваат критики и кон поранешната обвинителка Вилма Русковска, која ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува дека во минатото постапувала против политички неистомисленици.
Партијата го повикува Лазов да ги преиспита состојбите во СДСМ, споменувајќи ги и партискиот лидер Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран Заев.
„На внукот на Русковска, позната како обвинител која гонеше неистомисленици, му порачуваме пред да се појави во јавност, прво да погледне околу себе и каде е тој и што е СДСМ предводена од Венко Филипче и неговиот учител Зоран Заев“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
.
Извор: plusinfo.mk