ПОЛИЦИЈАТА СПРЕЧИЛА ОКОЛУ 40 МИГРАНТИ ДА ВЛЕЗАТ ВО МАКЕДОНИЈА Испукани предупредувачки истрели на границата со Грција
Полицијата спречила група од околу 40 мигранти да влезат нелегално во Македонија од Грција, во близина на гевгелиското село Моин. При интервенцијата биле испукани неколку предупредувачки истрели во воздух, а 15 мигранти биле приведени.
Инцидентот се случил на 8 октомври, околу 17:30 часот, на местото викано „Ќупот“, во близина на граничната линија со Грција.
Полициски службеници од граничната полициска станица Богородица ја забележале групата и го спречиле обидот за нелегално преминување на границата.
При интервенцијата, полицајците испукале неколку предупредувачки истрели од огнено оружје во воздух.
Од групата, 15 мигранти биле лишени од слобода и однесени во Прифатно-транзитниот центар во Гевгелија, каде што треба да продолжи постапката со нив.
Засега нема дополнителни информации за потеклото на мигрантите или за тоа дали меѓу нив имало повредени лица.
.
Извор: plusinfo.mk