МОНСТРУМОТ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ ОСУДЕН НА ДОЖИВОТЕН ЗАТВОР Бојковски е виновен за четири убиства и два обида
Основниот суд во Куманово му изрече казна доживотен затвор на 25-годишниот Трајче Бојковски од Старо Нагоричане, прогласен за виновен за четири убиства и два обида за убиство на жени.
Бојковски е осуден за убиствата на Станче Каровска, Јанка Антевска, Марија Маринковска и Мира Станковска.
Според утврденото во постапката, кривичните дела биле извршени во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година, а жртви биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.
Првото убиство се случило ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце, додека второто било извршено во периодот од 5 до 7 јуни истата година во селото Драгоманце.
Во случајот биле опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот се случил на 22 јули 2025 година, кога жената успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој побегнал. Вториот обид, според обвинителството, бил на 9 февруари 2026 година, кога Бојковски се откажал од намерата и го напуштил местото.
Тој е обвинет и за убиството на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година, како и убиството на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.
Со изрекувањето на доживотната казна затвор, Основниот суд во Куманово ја заврши првостепената постапка за случајот што опфаќа четири убиства и два обида за убиство.
.
Извор: plusinfo.mk