Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА Постројката на HELLENiQ ENERGY ќе складира 200 мегават часа и вреди 50 милиони евра
Македонија

ВО СОЛУН ПРОРАБОТИ ЕДНА ОД НАЈГОЛЕМИТЕ БАТЕРИИ ЗА СКЛАДИРАЊЕ СТРУЈА Постројката на HELLENiQ ENERGY ќе складира 200 мегават часа и вреди 50 милиони евра

09/10/2026

AA

Еден од најголемите системи за складирање електрична енергија во батерии во Грција и Југоисточна Европа е пуштен во употреба од страна на HELLENiQ ENERGY во индустрискиот комплекс на Групацијата во Солун.

Со инсталирана моќност од 100 MW и капацитет за складирање од 200 MWh, проектот, вреден околу 50 милиони евра, претставува значаен чекор во развојот на капацитетите за складирање енергија во регионот.

Системот овозможува складирање на повеќе од 200 MWh електрична енергија, количество еквивалентно на целосно полнење на приближно 3.000 електрични возила. Со складирање на вишокот произведена енергија од обновливи извори и нејзино испорачување во периодите кога побарувачката е поголема, проектот придонесува за поефикасно искористување на зелената енергија и намалување на ограничувањата на производството од обновливи извори.

Изграден на површина од приближно 100.000 квадратни метри, системот опфаќа три станици за складирање со вкупна моќност од 100 MW и капацитет од 200 MWh. Батериите користат технологија на литиум-железо-фосфат (LFP) со систем за течно ладење, а проектот е поврзан со електропреносната мрежа преку нова трансформаторска постројка од 33/150 kV и подземен високонапонски вод во должина од околу пет километри.

Во текот на изградбата беа отворени приближно 100 директни работни места, со дополнителен придонес за локалната економија.

– Складирањето електрична енергија е клучна компонента на енергетскиот систем на иднината. Батериите обезбедуваат флексибилност за интегрирање поголеми количества енергија од обновливи извори, ја зголемуваат сигурноста на електроенергетскиот систем и создаваат услови за почиста и подостапна енергија за потрошувачите – истакна Сотирис Капелос, извршен директор на HELLENiQ Renewables, компанијата во рамките на групацијата HELLENiQ ENERGY задолжена за развој на проекти за обновлива енергија.

Проектот беше избран во рамките на првиот јавен повик на грчкото Регулаторно тело за отпад, енергија и вода (RAAEY) за поддршка на системи за складирање енергија. Неговата реализација е дел од националниот план „Грција 2.0“, финансиран од Европската Унија преку инструментот NextGenerationEU.

Фото: HELLENiQ ENERGY

– Складирањето зелена енергија претставува клучна инфраструктура, бидејќи овозможува поефикасно искористување на енергијата произведена од обновливи извори, ја зајакнува сигурноста на електроенергетскиот систем и создава услови за поголема енергетска безбедност и пристап до одржлива и достапна енергија за сите – изјави Јоргос Алекопулос, заменик-извршен директор на HELLENiQ ENERGY.

HELLENiQ ENERGY продолжува да го проширува своето портфолио на проекти за обновлива енергија и складирање, кое надминува 6 GW во различни фази на развој. Повеќе од 1 GW од ова портфолио се однесува на проекти за складирање енергија во Грција, Романија, Кипар и Бугарија. Во тек е и изградбата на вториот проект за складирање во Лерин, со моќност од 50 MW и капацитет од 200 MWh. Стратешката цел на Групацијата е до 2028 година да има 1,5 GW оперативни капацитети за обновлива енергија, а до 2030 година повеќе од 2 GW, преку избалансирано портфолио на соларни и ветерни електроцентрали и системи за складирање.

Следејќи ги глобалните енергетски трендови и заложбите на HELLENiQ ENERGY, како дел од оваа групација, и ОКТА инвестираше во батериски систем за складирање кој што е интегриран со 12 MW фотоволтаичната централа на компанијата, создавајќи современа енергетска целина во која електричната енергија од сонцето се произведува, се складира и потоа може да се користи во периоди кога тоа е најпотребно и економски најповолно.

Првите два батериски контејнери имаат вкупна моќност од 4 MW, а по планираното активирање на третиот контејнер, системот се очекува да достигне капацитет за складирање од околу 6 MWh и излезна моќност од околу 3 MW. На годишно ниво, се очекува системот да складира околу 2.100 MWh електрична енергија.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ

09/11/2026
Македонија

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои

09/11/2026
Македонија

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три

09/11/2026
Македонија

ОПШТИНАТА НЕ Е СПОСОБНА ДА СЕ СПРАВИ СО КРАВИТЕ, ПА

09/11/2026
Македонија

ГИ ГРАДИМЕ ТЕМЕЛИТЕ ЗА СЛЕДНИТЕ ПОБЕДИ Мицкоски на прослава на

09/11/2026
Македонија

ДО ВИКЕНД ТОПЛО И ДОЖДЛИВО, СО ТЕМПЕРАТУРИ НАД 20 СТЕПЕНИ

09/11/2026
Македонија

ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ БИТ-ПАЗАР Гори магацин, огнот го гаснат со

09/11/2026
Македонија

ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ СЕ ПОЧИТУВА ВО ИЈЗ, ДУИ НАПАЃА ОД

09/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46685
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

НА ВЛЕН МУ ОДГОВАРААТ ПРЕДВРЕМЕНИ, АМА ЗА СТАБИЛНОСТА СЕ ПОТРЕБНИ РЕДОВНИ ИЗБОРИ Гаши уверен дека

09/11/2026

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека партиите треба да седнат на разговор за измените на Законот за јавните набавки,

ЕУ Ѝ НАНЕСЕ НЕПРАВДА НА МАКЕДОНИЈА Брисел пропушти шанса, некои работи отидоа предалеку

09/11/2026

Претседателот на Собранието Африм Гаши вели дека Европската Унија сторила неправда кон Македонија со тоа што по потпишувањето на Преспанскиот

ПОЖАРОТ КАЈ БИТ-ПАЗАР Е ПОД КОНТРОЛА Опожарени делови од три куќи, гаснеле 22 пожарникари

09/11/2026

Пожарот што избувна попладнево кај Бит-пазар во Скопје е ставен под контрола. Во интервенцијата учествуваа 9 противпожарни возила и 22

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy