Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВИДЕО Митева: Кого фаворизира ФИТР – Кои се подобните фирми и во добра состојба со властите?
Македонија

ВИДЕО Митева: Кого фаворизира ФИТР – Кои се подобните фирми и во добра состојба со властите?

23/12/2023

AA

Злоупотребата на парите од страна на власта на СДС и ДУИ нема граници. Новиот оглас на ФИТР, чиј буџет изнесува 60.000 долари, предвидува дека имаат право да аплицираат само оние правни или физички лица кои се во добра состојба со властите во Македонија. ФИТР наместо да објаснува дали некој погрешно ги толку скандалозните услови, треба да знаат дека услови за аплицирање не се предмет на толкување на еден или друг начин, туку станува збор за јасни и недвосмислени критериуми наведени во оглас. А, критериумот „добра состојба со властите“ значи само едно – подобни се само нивните.

Иако јавноста знае дека оваа институција изминативе 7 години власт на СДС и ДУИ е бројна со скандали и иако беше јавна тајна дека овој критериум е задолжителен за добивање на гратови или тендери, официјалното маркирање на истото во јавен оглас е недозволиво кршење на законите и Уставот кој како принцип го застапуваат  еднаков третман на сите при постапки за проекти финансирани од државата.

Подобни се само оние кои се во блиски односи со властите е крајно дискриминаторска дефиниција, истата претставува сериозна загриженост од причина што дел од средствата на проектот се обезбедени преку меѓународните организации на нашите стратешки партнери. Власта на Ковачевски и Ахмети која сама себе се нарекува проевропска влада на дело покажува дека тоа им е само маска зад која се спремни да ги злоупотребуваат не само нашите, туку и туѓите средства.

За овој проект, од вкупниот буџет кој изнесува 60 илјади американски долари, 40 илјади долари ги обезбедува Фондот, додедка 20 илјади долари се обезбедени преку странска организација. Ова е уште една потврда дека власта на СДС и ДУИ е спремна да ги злоупотребува и туѓите финансиски средства доделени за развој и унапредување, без притоа да имаат грижа и за реномето на државата пред истите тие меѓународни организации.

Затоа, и денес ги поставуваме истите прашања: Кој е документот со кој апликантите ќе треба да покажат дека се во добра состојба со властите? Кој ќе ја прави евалуацијата и врз основа на кои критериуми ќе се утврдува дали е исполнет овој услов? Молкот на директорот Фестим Халили нема да придонесе да престанеме да бараме одговори, но и за истото да постои одговорност.

Интегрално соопштение од ВМРО-ДПМНЕ

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку

12/08/2026
Македонија

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026
Македонија

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026
Македонија

Песна генерирана со AI над 100 пати била емитувана минатата

11/08/2026
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44972
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Рударите заработуваат над 1.000 евра, но Македонија има сè помалку рудари

12/08/2026

Македонското рударство се соочува со парадокс: професијата станува сè подобро платена, но бројот на луѓето што работат во секторот значително

Градежни вештаци денеска пред судот за трагедијата „Пулс“

12/08/2026

Во големата судница во „Идризово“ закажано рочиште за кочанската трагедија, во која загинаа 63 луѓе, а над 200 беа повредени.

Се трага по Љупчо Стојановски, апел за помош

11/08/2026

Семејството упати итен апел до сите граѓани за помош во пронаоѓањето на нивен роднина по име Љупчо Стојановски, кој е

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy