Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ули Хенес: Ако Кејн си остане на зборот, тогаш ќе дојде во Баерн!
Спорт

Ули Хенес: Ако Кејн си остане на зборот, тогаш ќе дојде во Баерн!

15/07/2023

AA

Легендата на Баерн Минхен, Ули Хенес, денеска се појавил на тренингот на Баварците и веднаш привлекол внимание кај новинарите, кои го искористиле да му постават прашање до каде е трансферот на Хари Кејн.

Хенес, кој досега имаше лични средби со претседателот на Тотнем Даниел Леви, даде изјава со која го охрабри остварувањето на трансферот, но стави притисок врз Тотнем. Имајќи предвид дека јавно е познато дека досега разговараа со Кејн и со Леви, Хенес „ја префрли топката кај нив“.

„Кејн даде јаси сигнали дека одлукаа е донесена и ако остане така, тогаш ќе дојде во Баерн. Тој сака да игра меѓународен фудбал. Тотнем нема да биде активен во сезонава која претстои – за разлика од нашиот клуб. Сега има нова можност, да дојде во врвен клуб од Европа“, ја пренесе изјавата на Хенес, новинарот Максимилјан Кох.

На секој малку поупатен навивач јасно му е дека Кејн не е проблемот и тој уште утре би се преселил во Минхен. Оној што треба да се убедува е претседателот Леви. Тој досега ги одби понудите на Баерн од 75 и 80 милиони евра, според Хенес само за да задржува време.

„Леви е паметен. Како прво, мора да го доведеме до точка каде што ќе именува цена. Тој сам озадржува време, одличен професионалец е, доста го почитувам. Од друга страна, нема луѓе кои се занимаваат со ова од вчера“, рекол 71-годишниот некогашен генерален менаџер на Баерн.

Исто така не пропуштил да сподели дека веќе се запознал и со дел од семејството на Кејн, па се обидел да ги придобие и нив.

„Ми се допаѓаат советниците на Кејн, татко му и брат му, многу пријатни луѓе. Досега секогаш беа јасни за тоа што ветиле. Ако остане така, тогаш добри сме“, пренесе Кох во својот последен твит наменет на Хенес.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Пожарникарите спасија мало теле на Китка

24/08/2026
Македонија

Нова закана за цените на храната: Наесен се очекува нов

24/08/2026
Македонија

Ново поскапување на горивата од полноќ – ова се цените

24/08/2026
Македонија

Над 27,5 тони млеко уништени поради зголемено присуство на афлатоксин

24/08/2026
Македонија

Почнува пријавувањето за субвенциониран студентски оброк: Студентите ќе добиваат по

24/08/2026
Македонија

Николоски: Владата работи на билатерални договори за да им помогне

24/08/2026
Македонија

УХМР предупредува: Попладне локално невреме со пороен дожд, грмежи и

24/08/2026
Македонија

Собранието демантира: Не плаќаме приватно здравствено осигурување за пратениците

24/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45209
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Пожарникарите спасија мало теле на Китка

24/08/2026

Во хаосот и огнената стихија на големиот пожар над селото Палиград, на планината Китка, пожарникарите успеале да спасат едно мало

Нова закана за цените на храната: Наесен се очекува нов бран поскапувања

24/08/2026

По периодот на релативно стабилни цени, новиот глобален притисок врз пазарите на храна може повторно да се почувствува и во

Ново поскапување на горивата од полноќ – ова се цените

24/08/2026

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy