Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 УБИЈЦИТЕ НА ДАНКА ЗАБОРАВИЛЕ НА УШТЕ ЕДЕН ДЕТАЉ: Лоцирани беа на која локација колку време се задржале
Регион

УБИЈЦИТЕ НА ДАНКА ЗАБОРАВИЛЕ НА УШТЕ ЕДЕН ДЕТАЉ: Лоцирани беа на која локација колку време се задржале

04/04/2024

AA

Убијците на Данка Илиќ мислеле дека направиле совршено злосторство, но заборавиле еден важен детаљ. 

Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50) од околината на Бор, признале дека ја прегазиле двегодишната Данка, а потоа се обиделе да ѝ го скријат телото и покрај тоа што мислеле дека имаат совршен план, не го зеле предвид фактот дека и делото и криењето на телото се извршени во службеното возило, во кое е вграден GPS, пишува Nova.rs.

Работниците на борското јавно комунално претпријатие „Водовод“ Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот се осомничени дека сториле кривично дело тешко убиство, удирајќи ја Данка на 26 март во Бањско Поле во службената „фиат панда“, која ја управувал Драгијевиќ. Тогаш Јанковиќ, го ставил нејзиното тело во задниот дел од автомобилот.

Потоа наместо да го однесат детето во најблиската здравствена установа или да се јават во итната помош и полиција, тие смислиле план да го сокријат телото на девојчето и да молчат за делото. Тие со возило се упатиле до ѓубриштето на Старобањски пут, каде што го фрлиле телото на девојчето.

Очигледно не биле свесни за фактот дека цело време имале GPS локатор во нивниот автомобил, што го олеснувало одредувањето каде се наоѓаат, колку долго престојуваат на одредени локации. Бидејќи безбедносните камери снимиле дека тие биле во Бањско Поле на кобниот ден на исчезнувањето на детето, полицијата набрзо дошла кај нив да собере информации за тој ден, а потоа им е извршена полиграфска проверка. И двајцата одговарале на полиграфски тестови.

Додека траела потрагата по Данка Илиќ во Бањско Поле, нејзиниот татко наишол на возилото „фиат панда“ на работниците во јавното комунално претпријатие, прашал дали го виделе детето, на што тие одговориле негативно.

Откако се појави видео снимено во Виена, на кое се гледаат две жени и дете кое личи на Данка, убијците си размениле смс порака со која си пишуваат дека  се извлекле. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026
Македонија

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026
Македонија

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026
Македонија

Удрен срнак на патот кон Кичево: Хумани граѓани го спасија

11/08/2026
Македонија

Тетовчанец лажно си ги пријавил бабата и дедото, наводно му

11/08/2026
Македонија

30-годишна жена со дрвен предмет го истепала сопствениот татко во

11/08/2026
Македонија

15 пожари низ Македонија, моментално два активни

11/08/2026
Македонија

Во пресрет на Светскиот ден на органодарителство: Едно семејство со

11/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44968
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Кои затвореници беа помилувани од претседателката за „Илинден“?

11/08/2026

По повод националниот празник 2 Август – Илинден, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова донесе одлука за помилување на вкупно 25 осудени лица.

МВР и ФЗО: Надминат проблемот со здравственото осигурување на вработените

11/08/2026

Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување информираат дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е

Грешката корегирана, во Битола се појави точното македонско знаме

11/08/2026

По забелешките за употребата на несоодветен симбол на концертот „Силно светнал ден“ во Охрид, во Битола грешката е коригирана. На

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy