Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Судот на ОН отфрли голем дел од тужбата на Украина против Русија за финансирање тероризам и дискриминација
Македонија

Судот на ОН отфрли голем дел од тужбата на Украина против Русија за финансирање тероризам и дискриминација

31/01/2024

AA

Највисокиот суд на Обединетите нации денеска отфрли голем дел од тужбата на Киев, кој тврди дека Русија ги финансирала сепаратистичките бунтовници во источна Украина и ја дискриминирала мултиетничката заедница на Крим од анексијата на полуостровот.

Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Москва ги прекршила членовите од два договора, за финансирање на тероризмот и за искоренување на расната дискриминација, но отфрли многу од барањата на Киев.

Судот го отфрли барањето на Украина Москва да плати компензација за нападите во источна Украина за кои се обвинети локалните проруски бунтовници, вклучувајќи го и соборувањето на летот на Малезија ерлајнс на 17 јули 2014 година, во кој загинаа сите 298 патници и членови на екипажот.

Иако авионот на Малезија ерлајнс беше соборен од бунтовници поддржани од Москва, Русија негира вмешаност во злосторството. Во ноември 2022 година, холандскиот суд осуди двајца Руси и еден проруски Украинец на доживотен затвор во отсуство за нивната улога во тој напад. Поради соборувањето на авионот, Холандија и Украина ги тужеа Русија и Европскиот суд за човекови права.

Според денешната пресуда на Меѓународниот суд на правдата, Русија прекршила и една од наредбите на судот со тоа што во февруари 2022 година извршила инвазија на Украина.

Правно обврзувачката, конечна пресуда е прва од двете очекувани одлуки на Меѓународниот суд на правдата во врска со деценискиот конфликт меѓу Русија и Украина.

Руските адвокати го повикаа Меѓународниот суд на правдата да ја отфрли тужбата на Украина, велејќи дека дејствијата на проруските бунтовници во источна Украина не претставуваат тероризам.

Судот утврди дека Русија не ги истражила тврдењата на Украина за наводни терористички акти, но ги отфрли сите други тврдења на Киев за прекршување на Конвенцијата за сузбивање на финансирањето на тероризмот.

Тој, исто така, пресуди дека Москва ја прекршила Конвенцијата за елиминација на расната дискриминација со ограничување на училишното образование на украински јазик и задржување на забраната за собранието на Кримските Татари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Притвор за 58-годишен скопјенец поради силување на 13-годишно девојче

25/04/2026
Македонија

МАКОТЕН ДООЕЛ со демант до ДУИ: „Казино Фламинго“ не црта

25/04/2026
Македонија

Николоски: Македонија има најевтини горива во регионот благодарение на паметните

25/04/2026
Македонија

Исар Марвинци: Археолошкиот бисер на југот што сè уште ги

25/04/2026
Македонија

КОРУПЦИЈА ВО КРИВИЧНИОТ СУД: Полицаец и доставувач земале пари за

25/04/2026
Македонија

Обезбедени 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ

25/04/2026
Македонија

Шестмина во ефективен притвор, четворица во куќен по големата полициска

24/04/2026
Македонија

Филипче беше прашан дали се плаши од најавите за апсења

24/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42872
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Цената на нафтата порасна по мешаните сигнали за тензиите меѓу САД и Иран

27/06/2025

Американската сурова нафта WTI (West Texas Intermediate) денес поскапе за повеќе од еден процент, на близу 66 долари за барел,

Трамп најави потпишување на трговски договор меѓу САД и Кина

27/06/2025

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека САД и Кина потпишале трговски договор, но не беа објавени детали

Тајланд забранува продажба на канабис без рецепт

27/06/2025

Денес во Тајланд стапи на сила наредба со која се забранува продажба на канабис без рецепт, која ја потпиша министерот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy