Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат одговорност и поголема безбедност за жените
Македонија

ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат одговорност и поголема безбедност за жените

21/11/2026

AA

Со пораки против насилството врз жените, фемицидите и институционалното молчење, граѓани денеска излегоа на мирен протест во Охрид. „Ниту една повеќе“, „Охрид не молчит“ и „Нема да ви ќутиме“ беа дел од пораките со кои демонстрантите побараа поголема заштита на жените и девојките и одговорност од институциите.

Собирот се одржа по тешкиот напад врз 26-годишната Сара Ѓорѓиеска, која на 15 ноември беше физички нападната од нејзиниот партнер, 31-годишниот Кристијан Корабоски. Според информациите од полицијата, нападот се случил по расправија што започнала во домот на осомничениот, а продолжила во неговиот автомобил. Девојката била нападната и во возилото и откако тој го запрел, при што изгубила свест.

Учесниците го започнаа протестот на Градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“, а потоа се упатија низ охридската чаршија кон зградата на СВР Охрид, Основното јавно обвинителство и Основниот суд. Со транспарентот „Охрид не молчит“ и скандирањата „Ниту една повеќе“ и „Нема да ви ќутиме“, граѓаните порачаа дека насилството не смее да се третира како приватен проблем и дека секоја пријава мора да добие навремена институционална реакција.

На протестот присуствуваше и таткото на Сара, Љупчо Ѓорѓиески, кој покажа фотографија од својата ќерка со видливи повреди на лицето. Тој упати порака до сите родители да не го доживеат она што го поминало неговото семејство.

– Моја желба е ниту еден родител да не го види вакво своето дете и да не го доживее тоа што му се случи на моето семејство – порача Ѓорѓиески.

Меѓу демонстрантите имаше и граѓани кои дојдоа да им дадат поддршка на жените и девојките, но и да ја изразат сопствената загриженост за безбедноста на своите најблиски.

– Дојдов да изразам поддршка за сите девојки, млади жени. Совесно е секој да го направи истото, да се стави крај на ова дивеење. Од револт, од грижа. Не се чувствувам сигурно за мојата ќерка, за мојата жена. Не сакам ова да му се случи на некој друг и тука сум да ги поддржам сите родители кои имаат деца и не сакаат да дојде до ваква ситуација – изјави еден од учесниците.

Меѓу барањата на протестот беа навремено постапување по пријавите за насилство, ефикасни истраги, одговорност и заштита на жртвите. Организаторите порачаа дека молкот го штити насилството и дека не сакаат нови жртви.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

ОХРИД НЕ МОЛЧИ ПО БРУТАЛНИОТ НАПАД ВРЗ САРА Граѓаните бараат

21/11/2026
Македонија

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски

21/11/2026
Македонија

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО

21/11/2026
Македонија

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет

21/11/2026
Македонија

ПРОСТРЕЛНА РАНА НА НОГАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Полицијата откри

21/11/2026
Македонија

ОД ПАД ОД 5 ДО РАСТ ОД 5,2 ОТСТО Опозицијата

21/11/2026
Македонија

ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА, ПА ИЗБЕГАЛ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Обвинителството бара

21/11/2026
Македонија

СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАПАЛИ ЌЕРКАТА И ВНУКАТА Истурил

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46871
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски порача дека нема да се

21/11/2026

Жителите на Крива Паланка денеска излегоа на протест поради долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на повеќе од 1.000 грла крупен

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО Мицкоски најави почеток на изградбата

21/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека по јавната расправа е избрана една од двете разгледувани варијанти за трасата.

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет е и отпадот што се

21/11/2026

Европската Унија од денеска, 21 ноември, го забранува извозот на пластичен отпад во Македонија и во другите земји што не

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy