Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски порача дека нема да се откажат додека и последното грло добиток не биде отстрането
Македонија

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски порача дека нема да се откажат додека и последното грло добиток не биде отстрането

21/11/2026

AA

Жителите на Крива Паланка денеска излегоа на протест поради долгогодишниот проблем со неконтролираното движење на повеќе од 1.000 грла крупен добиток низ градот и околните населени места. Граѓаните бараат институциите конечно да преземат мерки, бидејќи животните им ги уништуваат земјоделските насади, оштетуваат приватни имоти и претставуваат ризик за безбедноста на луѓето и сообраќајот.

На протестот, кој се одржа кај клучката во близина на мотелот „Македонија“, присуствуваше и градоначалникот Сашко Митовски. Според медиумските извештаи, собирот поминал тензично, а во еден момент дошло и до туркање меѓу дел од граѓаните и полициските службеници. Засега не се наведени причините за инцидентот.

По протестот, Митовски на социјалните мрежи порача дека зад секој оштетен имот стои семејство, зад секој уништен насад – нечиј труд, а зад секое загрижено дете – родител кој сака да го заштити.

– Денес, на мирен протест, заедно побаравме безбедност, заштита на имотот и спроведување на законот. Дадов збор дека ќе бидам со вас до крај. Ќе истраеме, додека решенијата не се спроведат и последното грло добиток не биде изнесено од градот – објави градоначалникот.

Полицијата денеска постави кордон на магистралниот пат Крива Паланка – Деве Баир и на улицата Св. Јоаким Осоговски, со цел да ја гарантира безбедноста на граѓаните за време на најавениот протест во Крива Паланка, информираат од Министерството за внатрешни работи.

„Ве известуваме дека на денешниот најавен протест во Крива Паланка од страна на МВР беше поставен кордон на магистралниот пат Крива Паланка и Деве Баир и улицата Св.”Јоаким Осоговски” со цел да им се обезбеди сигурноста на граѓаните. Протестот е завршен без посериозни нарушувања на јавниот ред и мир“, информираат од МВР.

Причина за незадоволството на жителите се повеќе од илјада крави кои слободно се движат низ Крива Паланка, при што, според нивните реакции, предизвикуваат штети на земјоделските посеви и имотот, но и загриженост за безбедноста.

Според податоците што ги објавува Општина Крива Паланка, повеќе од 1.000 грла крупен добиток неконтролирано се движат низ општината, влегуваат во земјоделски површини, дворови и јавни простори, уништуваат насади и предизвикуваат материјални штети. Проблемот не е ограничен само на земјоделците – присуството на животните на улиците и патиштата ја загрозува и безбедноста на пешаците и возачите.

Според информациите објавени од Агенцијата за храна и ветеринарство, досега биле собрани 96 крави, додека градоначалникот проценува дека во регионот има уште околу 1.000 грла добиток. Точниот број и идентификацијата на животните треба да ги утврдат надлежните институции.

Општинскиот кризен штаб на почетокот на ноември ѝ препорача на Владата да прогласи 30-дневна кризна состојба, со цел да се обезбедат дополнителни кадар, опрема и финансиски средства за справување со проблемот. Од Агенцијата за храна и ветеринарство беше побаран оперативен план и постапување по правосилните решенија за одземање на животните од регистрираните одгледувалишта.

Општината претходно соопшти дека проблемот се провлекува со години и дека од јануари 2022 година испраќала пријави и иницијативи до надлежните институции. Во 2024 година биле донесени правосилни и извршни решенија за одземање на животните, но нивното спроведување останало проблем.

Во меѓувреме, Општината најави и воспоставување регистар на пријавени штети, со цел тие да бидат документирани и да се подготви можноста за заедничка судска постапка за надомест на штетата од оштетените граѓани.

Жителите бараат проблемот да се реши трајно, а не само со повремено заловување на животните. Пораката од денешниот протест е дека очекуваат надлежните институции да ги спроведат донесените решенија и да им овозможат нормално и безбедно секојдневие.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Последни Новини
Македонија

КРАВИТЕ ГИ ИЗВАДИЈА ЖИТЕЛИТЕ НА КРИВА ПАЛАНКА НА УЛИЦА Митовски

21/11/2026
Македонија

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО

21/11/2026
Македонија

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет

21/11/2026
Македонија

ПРОСТРЕЛНА РАНА НА НОГАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Полицијата откри

21/11/2026
Македонија

ОД ПАД ОД 5 ДО РАСТ ОД 5,2 ОТСТО Опозицијата

21/11/2026
Македонија

ЈА ДАВЕЛ ДЕВОЈКАТА, ПА ИЗБЕГАЛ ОД ПОЛИЦИСКА СТАНИЦА Обвинителството бара

21/11/2026
Македонија

СЕ ЗАКАНУВАЛ ДЕКА ЌЕ ГИ ЗАПАЛИ ЌЕРКАТА И ВНУКАТА Истурил

21/11/2026
Македонија

СТИГНУВА ЗАЛАДУВАЊЕ, НА ПЛАНИНИТЕ И СНЕГ Од вторник температурите ќе

21/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46870
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ИЗБРАНА ТРАСАТА ЗА ЕКСПРЕСНИОТ ПАТ КОЧАНИ – ВИНИЦА – ДЕЛЧЕВО Мицкоски најави почеток на изградбата

21/11/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Делчево изјави дека по јавната расправа е избрана една од двете разгледувани варијанти за трасата.

ЕУ ЈА ЗАТВОРИ ВРАТАТА ЗА ПЛАСТИЧНИОТ ОТПАД КОН МАКЕДОНИЈА Забранет е и отпадот што се

21/11/2026

Европската Унија од денеска, 21 ноември, го забранува извозот на пластичен отпад во Македонија и во другите земји што не

ПРОСТРЕЛНА РАНА НА НОГАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Полицијата откри детали дека покрај телото бил

21/11/2026

Нови детали за случајот со 38-годишниот маж кој утрово беше пронајден мртов на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на скопското

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy