ПРОСТРЕЛНА РАНА НА НОГАТА КАЈ ПОЧИНАТИОТ КАЈ СМИЛКОВЦИ Полицијата откри детали дека покрај телото бил пронајден и неговиот „мерцедес“
Нови детали за случајот со 38-годишниот маж кој утрово беше пронајден мртов на обиколницата „Мајка Тереза“, во близина на скопското село Смилковци, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според информациите од полицијата, на телото на мажот била забележана прострелна повреда во пределот на ногата. Во негова близина било пронајдено и патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, кое претходно го управувал починатиот.
Станува збор за Ш.Е. (38) од селото Љубин. Случајот бил пријавен во СВР Скопје во 6:15 часот, по што полициски службеници веднаш се упатиле на местото и го пронашле телото.
Екипа на Итната медицинска помош констатирала смрт, а увид извршила увидна екипа на СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција во Институтот за судска медицина. Полицијата соопшти дека презема мерки за целосно расчистување на случајот.
Засега од МВР не соопштуваат како настанала прострелната повреда, ниту дали таа е причината за смртта. Одговорите се очекуваат по обдукцијата и по завршувањето на истрагата.
УТРOВО ПРОНАЈДЕНО БЕЗЖИВО ТЕЛО КАЈ СМИЛКОВЦИ Мажот бил во близина на својот автомобил
.
Извор: plusinfo.mk