Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 РКЕ: Оваа година издадени нови лиценци за потребата на електрична енергија
Македонија

РКЕ: Оваа година издадени нови лиценци за потребата на електрична енергија

12/10/2023

AA

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и управување со комунален отпад (РКЕ) од јануари 2022 година заклучно со 30 септември 2023 година издаде лиценци на вкупно 686 централи со вкупна инсталирана моќност од скоро 503 МW, што е доволен капацитет да се обезбедат потребите за електрична енергија на домаќинствата од 18 градови од државата.

„ Новите централи од обновливи извори што се изградени за 21 месец може да снабдуваат над 160 илјади домаќинства со просечна потрошувачка од 18 градови и тоа Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Св. Николе, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино, Гевгелија, Велес, Гостивар, Кавадарци, Делчево и Македонска Каменица. Сонцето конечно е ‘рбетот на новата македонска енергетска независност, која до сега се потпираше на јагленот. Овие бројки и нови мегавати се потврда дека енергетската транзиција е реалност. Дополнително, во широката слика за да се балансира системот значајно ќе придонесе и изградбата на долго очекуваниот капацитет ХЕЦ Чебрен – што ќе претставува своевидна батерија “ изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.

Во 2022 година РКЕ има издадено лиценци на 267 централи со инсталирана моќност од 152,2MW, додека од почетокот на годината 2023 до крајот на септември 419 ФЕЦ се имаат стекнато со лиценци со моќност од 350 MW

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над

30/07/2026
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44753
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Финансиската полиција поднесе кривична пријава за даночно затајување тешко над 12,6 милиони денари

30/07/2026

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две физички лица и едно правно лице

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен 29-годишен гевгеличанец

30/07/2026

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со 204 километри

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на јули исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци по основ на привремена

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy