Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ИДУЕП: Младите се во ЕУ, институциите на централно и локално ниво да изнајдат начини како да ги вклучат повеќе во евроинтеграциските процеси
Македонија

ИДУЕП: Младите се во ЕУ, институциите на централно и локално ниво да изнајдат начини како да ги вклучат повеќе во евроинтеграциските процеси

12/10/2023

AA

Потребна е вистинска и поголема вклученост на младите во процесите на одлучување на сите нивоа на власта, како и во креирање на јавни политики, особено како дел од процесот на пристапување кон ЕУ – ова беа дел од заклучоците кои се дискутираа на втората дебата на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) насловена „Младите се во ЕУ“ како дел од иницијативата „Македонскиот евроинтеграциски пат – Градење на партнерства и преземање на позитивните искуства“.

Пратеничката и координаторка на Клубот на млади пратеници во Собранието, Моника Зајкова истакна дека немаме само ние како земја бенефит од членството во ЕУ, туку истовремено со интеграцијата и Унијата го користи нашиот потенцијал.

„Ќе го споделам моето конкретно позитивно искуство од учеството во различни европски проекти и размени за млади, но и само една од конкретните иницијативи кои тогаш ги дадовме, а денес веќе стана реалност – намалување на трошоците за роаминг меѓу ЕУ и Западен Балкан за 30 проценти. Токму затоа, лично јас, но и сите пратеници од Клубот на млади пратеници ги очекуваме со нетрпение вашите конкретни иницијативи со цел да дадеме поддршка и конкретен придонес за нивно спроведување“, рече Зајкова.

Александар Ивановски, директор во CFE Tax Advisers Europe (Европска Асоцијација на даночни советници) со седиште во Брисел вели дека е факт дека како држава имаме изгубено многу луѓе кои побарале и се одлучиле на подобар живот некаде надвор од својата земја.

„Практично, преку овие проекти се обидуваме да дадеме директна шанса за вклученост на младите, да имаат тие своја улога во целиот процес. Пример, преку посети на Брисел, различни идеи за активности и проекти за кои дискутиравме на оваа и на претходната средба со младите луѓе кои сакаат да бидат вклучени во процесите преку невладините организации. Македонските институции задолжени за евроинтеграциите секако имаат своја улога и се надеваме на нивна поддршка во целокупниот процес со цел заедно да ги охрабриме младите луѓе и сите заедно да им дадеме шанса преку конкретни проекти да се вклучат со своја улога во процесот на европската интеграција на државата“, посочи Ивановски.

Комуниколог и претседател на ИДУЕП, Бојан Кордалов нагласува дека од неизмерна важност за целото општество е сите политички партии, независно од разликите во идеологија и активности, да бидат обединети за младите луѓе.

„Секогаш кога се зборува за младите луѓе, нивниот стандард, нивната перспектива тие да бидат ставени во средиштето и да им се даде шанса да ги креираат политиките. Сакам да испратам порака и надеж дека ваков пример ќе следат сите институции и навистина ќе можеме заедно да предизвикаме промени. Анкетите покажуваат дека мотивацијата и желбата кај младите да учат и стекнат работно искуство во некоја од земјите од ЕУ е огромна што е за поздравување, но она што загрижува е дека бројот на млади кои би сакале да се вратат дома и понатаму е многу мал, односно речиси незабележителен“, рече Кордалов.

Викторија Постоловска, активистка и досегашна студентска правобранителка при УКИМ, смета дека меѓусебната соработка на различните општествени фактори е клучна за да се допре до младите, меѓутоа на крајот токму младите луѓе се тие кои треба да го препознаат ова и да работат во насока на одлучување и креирање на општеството.

Александар Николовски, досегашен претседател на ФСС на Економскиот факултет при УКИМ изрази уверување дека тие како млади луѓе можат многу да придонесат во промената на општеството и системот, но од несогледливо значење за тоа е поддршката од сите оние кои ја спроведуваат политиката односно се главни чинители во креирањето на политики.

На дебатата беа отворени и други теми поврзани со потребата од поголема вклученост на младите луѓе во процесите на одлучување на сите нивоа на власта, како и во креирањето на јавни политики на централно и локално ниво, македонскиот евроинтеграциски процес вклучително и предизвиците и следните чекори на овој план, со фокус на позитивните пракси и искуства од земјите-членки на ЕУ од регионот, колку европската интеграција и членството во ЕУ и НАТО може да влијае на запирање или намалување на процесите на иселување, особено на младите луѓе.

Како дел од иницијативите и проектите кои заеднички ќе се иницираат во следниот период беа споменати: „ЕУ менторство за млади луѓе“, активација на поголем број млади луѓе преку младинските организации со конкретен придонес во евроатлантските интеграции, зајакнување на процесот на дигитализација преку црпење на европски искуства, намалување на процедурите и укинување на давачките за млади луѓе да отворат и отпочнат свои бизниси, потенцирање на придобивките за младите и бизнисите од македонското членство во НАТО, зголемена културна понуда и размена младински културни иницијативи од ЕУ, намалување на дневната партиска политика и фокусирање на младите и нивните барања од страна на институциите и политичарите, вклучување на младите во заклучоците од „Жан Моне“ дијалогот, иницијатива за повеќе младински медиумски активности.

Истовремено, учесниците ја потенцираа позитивната улога која ја одигрува собранискиот Клуб за младински прашања и политики во кој членуваат пратенички и пратеници на возраст до 35 години од различни политички партии и групи, а дадоа и поддршка за негово прераснување во собраниска Комисија за младински прашања и политики која ќе биде директен канал и партнер на младите луѓе и нивните организации до Собранието како носител на законодавната власт во земјата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ

25/09/2026
Македонија

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата

25/09/2026
Македонија

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата

25/09/2026
Македонија

ПРВАЧЕ НАПАДНАТО ВО УЧИЛИШНА СОБЛЕКУВАЛНА Поголеми малолетници го соблекле и

25/09/2026
Македонија

ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да

25/09/2026
Македонија

БРИСЕЛ И ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ПРЕСВРТНИЦА Новиот план на Фон

25/09/2026
Македонија

ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на

25/09/2026
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во

25/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45803
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СЕ СКАРАЛЕ ЗА ПАРКИНГ, ПА СО „ФОРД“ ТУРНАЛ ПОРТА ВРЗ ДВАЈЦА Полицијата во Свети Николе

25/09/2026

Расправија за паркинг во Свети Николе завршила со автомобил насочен кон двајца мажи и метална порта урната врз нив. Полицијата

📽️ ПРАЗЕН АВТОБУС ИЗЛЕТАЛ ОД ПАТОТ КАЈ ТЕТОВСКО СТЕНЧЕ Полицијата го бара возачот, незгодата не

25/09/2026

Празен автобус околу 13:30 часот излетал од патот во близина на тетовското село Стенче, но кога полицијата дознала за незгодата,

„СВ. ЕРАЗМО“ ДО НОВА ГОДИНА СО ЧЕТИРИ ОПЕРАЦИОНИ САЛИ Инвестицијата во новото крило ќе надмине

25/09/2026

Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид до Нова година треба да го стави во употреба новото

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy