Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период
Македонија

Венко Филипче може да биде само чувар на јахтата во зимскиот период

25/09/2026

AA

Крајно време е Венко Филипче да си замине од СДСМ.

Она што луѓето од Платформата 12.05 одлучно и јавно му го кажаа е мислење што го споделува огромното мнозинство членови и симпатизери на СДСМ, разочарани од тоа на кое дереџе падна партијата под водство на пуленот на Зоран Заев.

Време е Филипче конечно да ја преземе одговорноста за катастрофалниот пораз на последните избори, после кој СДСМ стана петторангирана политичка партија во Скопје. Тој треба да постапи доблесно и машки, како што постапи и Заев, кој во ноември 2021 година се повлече од кормилото, откако предходно конечно сфати дека сидрото што го џитна да влече напред, опасно го влече бродот кон дното.

Време е Венко Филипче да се соочи со фактот дека нема лидерски капацитет да ја крене партијата на нозе, откако самиот ја фрли на колена. Тој сега ги брка, јавно ги омаловажува и ги клевети своите партиски другари, кои имаат различно мислење. Го дели СДСМ, наместо да се обиде да го обедини.

Јас го разбирам. Можеби како доктор и како човек, тој е отворен, одговорен, несебичен, пријателски настроен. Јас барем го знам како таков. Но, во својот политички хабитус, Венко Филипче е поинаков. Тесноград. Денунцијант. Конфликтен. Одмаздољубив. Слабак. Лузер.

Таков човек, едноставно, не може да води партија и да победува.

И затоа, наместо сите да ги повикува да се вразумат, самиот тој треба да си се вразуми и да се повлече. Тоа е во интерес на СДСМ, пред сè. Бидејќи навистина е реална опасноста, со него на чело, партијата да доживее уште еден катастрофален пораз на следните парламентарни избори, а потоа целосно да се маргинализира.

СДСМ избра нов потпретседател. Горан Герасимовски. Победникот во најурбаната скопска општина, градоначалникот на Центар. Неговата прва изјава за сплотеност во партијата и за почитување на различното мислење дава надеж дека тој човек може да ја поведе партијата во овој транзициски период, до следниот конгрес на обединување, на кој ќе биде избран нов легитимен партиски лидер.

Јас мислам дека нема човек во СДСМ кому не му е јасно дека тоа е логичниот редослед на чекорите: итна оставка на Венко Филипче и преземање на одговорноста за изборниот дебакл, обновување на дијалогот и на другарството во партијата, конгрес на обединување и избор на нов лидер, подготовка за следните избори.

Ќе се осмелам да претпоставам дека сево ова му е јасно и на Зоран Заев и дека и тој ќе го советува Филипче да ја напушти Бихаќка.

Може да му понуди нова значајна функција – чувар на јахтата во зимскиот период.

Постои живот и надвор од политиката.

.

Извор: plusinfo.mk

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со

22/11/2026
Македонија

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026
Македонија

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по

22/11/2026
Македонија

РАМА ТВРДИ ДЕКА АЛБАНИЈА НИКОГАШ НЕМА ДА ГО ПОПРЕЧУВА ПАТОТ

22/11/2026
Македонија

ONE STOP SHOP ПОЧНА ДА ФУНКЦИОНИРА НА ЌАФАСАН Мицкоски и

22/11/2026
Македонија

ПОВРЕДЕНИОТ АЛПИНИСТ БИЛ ИНСТРУКТОР ОД СРБИЈА Пред да падне предупредил

22/11/2026
Македонија

ЦРКОВНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА 80. РОДЕНДЕН НА РУСКИОТ ПАТРИЈАРХ Кирил им

22/11/2026
Македонија

📷 СПЕЦИЈАЛЦИТЕ ИЗВЛЕКОА ПОВРЕДЕН АЛПИНИСТ ОД ТЕШКО ПРИСТАПЕН ТЕРЕН Биле

22/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46883
  • Регион 4000
  • Свет 22
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОЧИНА БИЗНИСМЕНОТ БОШКО РЕМИС Се занимаваше со градежништво и со туризам

22/11/2026

По кратко боледување во 63 година од животот денеска почина познатиот охридски бизнисмен Бошко Илоски познат како Бошко Ремис, објави

НЀ ОЧЕКУВА ДОЖДЛИВА НЕДЕЛА На планините ќе има снег

22/11/2026

Дожд се очекува во вечерните часови, но и во текот на утрешниот ден, синоптичарите најавуваат заладување. Како што информираа попладнево

ПОТРАГА ПО ИСЧЕЗНАТО ЛИЦЕ ВО ГОСТИВАР Се пребарува и по течението на Вардар

22/11/2026

Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), по вторпат ги ангажираше специјализираните тимови за потрага по исчезнатото лице во Гостивар, по

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy