Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Екстремната сиромаштија во земјава во 2022 пораснала за 14 илјади лица, а умерената за 56 илјади лица, намалувањето на сиромаштијата е политичка одлука!
Економија

Екстремната сиромаштија во земјава во 2022 пораснала за 14 илјади лица, а умерената за 56 илјади лица, намалувањето на сиромаштијата е политичка одлука!

12/10/2023

AA

Денеска, се одржа панел дискусија „Достоинствен живот или преживување“ по повод одбележување на Меѓународниот ден за искоренување на сиромаштијата, 17 октомври, а во организација на Македонската платформа против сиромаштија, Фондацијата Фридрих Еберт (ФЕС), Европската платформа против сиромаштија и Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој (СИГА). 

На панел дискусијата, учество зедоа вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи, потпретседателот на Советот на ССМ за приватен сектор и претседател на СГИП Иван Пешевски, претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи Ангел Димитров и економскиот истражувач Бранимир Јовановиќ којшто ја изготви и презентираше студијата „Влијанието на инфлацијата врз сиромаштијата во Република Северна Македонија“, издание на СИГА и ФЕС. 

Во воведните излагања, проектната менаџерка од Фондацијата Фридрих Еберт Ивана Вучкова потенцираше дека успехот на една држава која по дефиниција треба да биде „социјална“, не се мери според индивидуалните, лични достигнувања, туку според заедничките наши заложби да се справиме со предизвиците од кои сите сме засегнати и кои може да ни донесат низа потешкотии и индивидуални падови, и тоа не по наша сопствена вина. 

Претседателката на Македонската платформа против сиромаштија Билјана Дуковска пред присутните претставници од институциите, невладиниот сектор и економските аналитичари сподели препораки што треба да се направат за општествата да бидат ослободени од сиромаштија, а крајната цел е целосно да се елиминира сиромаштијата преку создавање услови за сите да живеат достоинство. 

Економскиот аналитичар Јовановиќ, презентирајќи ја студијата истакна дека екстремната сиромаштија во 2022 година пораснала за околу 14 илјади лица, за 2023 година во најдобриот случај минимално ќе се намали, а во најлош случај ќе порасне за дополнителни 14 илјади лица. Тој посочи дека умерената сиромаштија во 2022 година пораснала за 56 илјади лица, за 2023 година во најдобриот случај ќе порасне за нови 21 илјада, а во најлош за 101 илјади граѓани. 

Јовановиќ информираше дека причините за овие бројки лежат во тоа што скокот на цените го надминува растот на приходите на луѓето. На крајот од своето излагање, тој изјави дека Владата треба да преземе мерки за ограничување на растот на цените и за покачување на приходите, за намалување на екстремната сиромаштија потребно е да се зголемат сите видови социјални издатоци – социјална помош, детски додаток и пензии за онолку колку што изнесува инфлацијата. Додека пак, за намалување на умерената сиромаштија, треба да се зголемат платите во јавниот сектор и минималната плата барем за колку што е инфлацијата и алтернативно, да се воведе специјален анти-кризен надоместок. 

Вицепремиерот Битиќи, посочи дека доколку за време на последните три години Владата не ги спроведеше мерките коишто ги реализираше за заштита на стандардот на најранливите групи, а потоа и зачувување на работните места, денеска ќе имавме полоша слика. Тој рече дека социјалдемократските политики ги заштитија и ќе продолжат да го заштитуваат стандардот и да ја подобруваат благосостојбата на сите граѓани. 

„Ваквите студии се добри за креирање на политики базирани на докази и тоа и ќе продолжиме да го правиме. Системските решенија се нужни за стабилност и предвидлив развој, но и едновремено ги заштитуваат најранливите, оние чии права први и најлесно се повредени во време на криза или политички премрежја. Ние донесовме такви системски решенија, тоа е носењето на минималната плата и методологијата за пресметка на пензиите. Оваа категорија на граѓани, како никогаш од независноста сега е заштитена токму од ваквите појави“, изјави Битиќи. 

Потпретседателот на Советот на ССМ за приватен сектор Пешевски истакна дека од година во година сѐ потешко се живее и дека генералната слика за државата 32 години наназад не е добра, поради тоа што не може да се мрдне од моменталната точка или да се движиме во нагорна линија, туку напротив години наназад како што се зголемуваат платите, од друга страна така повеќе осиромашуваме. 

„Како почна минималната плата од 8 илјади денари, дојде до 20 илјади денари, меѓутоа куповната моќ на граѓаните не е збогатена за овие два ипол пати што е зголемена, напротив се помала и помала станува нашата минимална синдикална потрошувачка кошничка којашто останавме единствено ние како должници да ја пресметуваме и истата е скоро 50 илјади денари. Тоа значи дека треба за едно четиричлено семејно домаќинство да имаме минимална и просечна плата за да може да преживееме со тие помеѓу 50 и 150 денари на ден. Тоа не е некоја ситуација со која треба да се пофалиме или пожалиме, туку треба да гледаме како да ги надминеме сите овие ситуации и како сите засегнати страни да направиме чекор понапред и да ги задржиме и тие малку млади луѓе во државата да продолжат да го градат стопанството, а потоа да може да се пофалиме дека ќе зголемуваме плати и во јавниот сектор“, потенцираше Пешевски.

 Претседателот на Собранието на Организацијата на работодавачи Димитров рече дека во 2022 година се покачи минималната плата на 18 илјади денари и таа достигна историско највисоко ниво во однос на просечна плата. 

„Во услови на инфлација не може со наједноставно покачување на минимална плата да се решат проблемите во државата. Но, мислам дека податоците за 2023 година се многу пооптимистични. Платите растат повеќе од инфлацијата и тоа ги прави песимистичките сценарија нерелевантни, има доволно податоци што кажуваат дека 2023 година ќе влијае позитивно на намалување на сиромаштијата. Инфлацијата е резултат на она што се случувало во минатото, најпрвин корона кризата, а потоа се приклучи и војната во Украина. Вицепремиерот Битиќи на една средба во комора кажуваше дека за 5 години 130 милиони евра се дадени за помош на стопанството, тоа е 4 пати повеќе од тоа што порано било“, изјави Димитров.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен

30/07/2026
Македонија

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026
Македонија

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026
Македонија

Општина Карпош го одржа вториот „Отворен ден“, над 120 граѓани

29/07/2026
Македонија

43 санкции за непропуштање возила со првенство на минување

29/07/2026
Македонија

Фетаи именуван за специјален пратеник за Европската Унија

29/07/2026
Македонија

Утре и задутре прскање против комарци од воздух во Скопје

29/07/2026
Македонија

Мери Дика Георгиевска избрана за нов уставен судија

29/07/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44752
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Возел 204 километри на час на автопатот кај Смоквица: Приведен 29-годишен гевгеличанец

30/07/2026

Дваесет и деветгодишен жител на Гевгелија е лишен од слобода откако полициски службеници го затекнале како вози со 204 километри

ФЗО исплати рекордни 560,9 милиони денари за боледувања во јули

30/07/2026

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) во текот на јули исплатил вкупно 560,9 милиони денари за надоместоци по основ на привремена

ФОТО Спектакл на небото: Полна Месечина ги воодушеви граѓаните

29/07/2026

Љубителите на астрономијата и ноќната фотографија синоќа имаа прилика да уживаат во прекрасна глетка на небото, каде што полната Месечина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy