ПАРТИЈАТА НА ФИЛИПЧЕ Е ВО ИЗУМИРАЊЕ Се противат на рудници, дата центри, на сè што води кон економски раст
Венко Филипче со јавните настапи изгледа очајно, а партијата му е во изумирање, па затоа нека се посвети малку на консолидирање, му порача денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски.
– Венко Филипче и актуелното раководство секој ден се противат на сè што води кон економски раст и подобар животен стандард. Секој ден се противат на нешто и најавуваат блокади. Филипче вели дека СДСМ ќе го блокира отворањето на нови рудници. СДСМ е и против нови индустрии и дата центри. Исто така, секој ден вели дека нема да дозволи распродажба на Македонија, а токму Зоран Заев даде сè што можеше да даде, и со речникот на Филипче, распродаде – рече Петрушевски.
Очигледно има една цел, да се задржи на политичката сцена и ништо повеќе, бидејќи партијата му е во изумирање, додаде тој.
– Со ова Филипче покажува дека нема капацитет разумно да расудува и да размислува. А има само еден факт и тој е јасен – токму криминалите и распродажбата на државата го сместија СДСМ во длабока опозиција – вели Петрушевски.
.
Извор: plusinfo.mk