ПРИВЕДЕНА ИНСПЕКТОРКА ОД АГЕНЦИЈАТА ЗА ХРАНА Барала пари за да издаде позитивен записник
Во полициска акција во Скопје, неофицијално, е приведена инспекторка од Агенцијата за храна и ветеринарство, осомничена дека ја злоупотребила својата службена положба за лична корист.
Според неофицијалните информации, користејќи ги овластувањата од функцијата, вршела контрола и барала документација која не била потребна, а издавањето позитивен записник го условила со паричен износ.
.
Извор: plusinfo.mk