ГРАНКА УСМРТИ 77-ГОДИШЕН РАДОВИШАНЕЦ Загинал додека со 73-годишник биле на нива кај Ораовица
77-годишен жител на Радовиш починал на нива во атарот на радовишкото село Ораовица, откако врз него паднала гранка од топола што ја сечел 73-годишен маж.
Несреќата се случила вчера околу 10:30 часот. Според пријавеното, Т.Б.(73) од Радовиш со моторна пила сечел топола на нива во атарот на Ораовица. Со него на нивата бил и Н.Т.(77), исто така од Радовиш.
Откако тополата паднала, гранка го погодила 77-годишникот, при што тој се здобил со тешки повреди и починал на местото на настанот.
Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош од Радовиш.
По настанот, полицијата го привела 73-годишниот Т.Б. За случајот е известен јавен обвинител, а по негова наредба телото на починатиот е предадено на обдукција.
Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Струмица – ОВР Радовиш, а случајот се расчистува.
.
Извор: plusinfo.mk